Средно eкономско училиште, Вуковар, Хрватска / Шалева, Лозановска, Јуришевич, Пахович

Година: 2018

Тема: Архитектонски натпревар за изработка на архитектонски и урбанистички идеен проект за "Средно Економско Училиште"

Автори: KONNTRA - Силвија Шалева (Македонија), Мирјана Лозановска (Македонија), Ерик Јуришевич (Словенија), Нина Пахович (Хрватска)

Локација: Вуковар, Хрватска

По неодамнашната објава за распишан  урбанистичко – архитектонски конкурс и изработка на идејно архитектонско решение за “Средно Економско Училиште” во Вуковар, Хрватска, организиран од  Град Вуковар, Универзитетот Јосип Јурај Штросмаер Осиек и Градежниот факултет во Осиек, oд вкупно 30 трудови првата награда припадна на група млади архитекти KONNTRA. По проектот за Плоштадот на традиционалните занаети во Вараждин, го споделуваме нивниот втор победнички труд.

Проектантските критериуми на конкурсот запазуваа :

  1. Квалитет на просторниот концепт, односот кон постоечката урбана структура на станбената населба Оленица, како и придонесот на новиот комплекс во однос на целата слика на градот Вуковар;
  2. Функционалниот квалитет на решението, исполнувањето на функционалните барања и меѓусебната врска помеѓу поединечните просторни единици на затворените и отворените простори;
  3. Рационалност и економичност на проектот и неговата ефикасност (сооднос бруто – нето површина);
  4. Оригиналност и атрактивност на архитектонскиот израз (внатрешен и надворешен), естетски и дизајнерски квалитет на решението;
  5. Запазување на еколошката компонента на проектот, енергетската ефикасност и заштеда на енергија;
  6. Остварување на техничките барања;
  7. Употребени материјали;

 

Комисијата објави неколку кратки позитивни критики, кои ги истакнаа следните квалитети на победничкиот проект.

Решението максимално ги искористува можностите на парцелата на која ќе се гради екомонското училиште, при тоа што функциите се поделени во 3 основни единици. Со оваа позиција на објектот на локацијата, јасно е дефинирана и урбанистичката поставка на целата парцела.  Два волумени од целиот објект се приземни (спортската сала која лесно може да се користи кога училиштето не работи, и влезниот простор со администрацијата која исто така е место за потенцијални надворешни посетители). Третиот волумен претставува „мост“ со училници. Во основа тој има едноставно и чисто решение, може де се дефинира како добар “нојфертски”  пристап на проектирање.  Што е најважно, според перцепцијата на комисијата, е просторот кој се оформува помеѓу овие елементи.

„Тепихот“ од спортски и парковски содржини кој се протега од север кон југ, па се до брегот на реката Вука и мостот кој ја нагласува и дефинира оваа зона која претставува собирно место на учениците при дожд или силна сончева светлина.

Дефинирањето на влезниот простор низ кој поминуваат главните вертикални комуникации, кој е отворен со галерија кон горните нивоа, исто така се смета како успешно решение.