FORENSIC ARCHITECTURE: Unearthing State Violence / предавање и работилница

Forensic Arhitecture е мултидисциплинарна истражувачка група која е формирана во 2010 година со седиште на Универзитетот во Лондон и е предводена од архитект Ајал Вајзмен. Forensic Architecture преку архитектонски техники и технологии се занимава со истражувања за државно насилство и кршење на човековите права во светот.

Оваа агенција е интердисциплинарен тим на истражувачи како архитекти, уметници, археолози, режисери, истражувачки новинари и научници. Тие преку архитектонски и медиумски техники прават истражувања за уништувањето на животната средина. Како пракса во Центарот за истражувачка архитектура на Универзитетот во Лондон цели кон производство и презентација на архитектонски докази кои се поврзани со различни објекти и урбани средини и како истите медиумски се претставуваат.

Како дел од нивната програма во Музеј на Современа Уметност на 29 и 30 октомври ќе се одржи јавно предавање и работилница. На семинарот ќе бидат претставени нивните проекти и истражувања, како и предизвиците со кои оваа група се среќава.

Рокот на регистрирање за присуство е до 24 октомври. Повеќе информации за дводневната програма и аплицирањето за работилницата на https://www.facebook.com/muzejnasovremenataumetnost/posts/

Насловно фото: Музеј на современа уметност – Скопје