• February 1, 2018
  • sara-simoska

FOSSILIZED MODERNISM предавање на Стефано Перего во Скопје

На 3ти февруари во кино салата на Музејот на Современата Уметност ќе се одржи предавањето на италијанскиот фотограф Стефано Перего.  Портфолиото на Стефано е богато и разнолико. Тој во последните години го прошетал целиот свет по потрага по архитектурата од XX век, со која светската архитектонска јавност е недоволно запознаена и во последните години станува актуелна.

Италијанскиот магазин divisare.com за неговата фотографија вели: ,,Архитектура со моќно визуелно влијание и шарм, шари и бетон, заборавени руини и опустошени сцени кои што раскажуваат многу за цела ера и нејзината уметничка вредност.”

Скопје е неговата следна дестинација каде ќе го продолжи фотографското истражување. Во предавањето ќе бидат изложени фотографии од Словакија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Грузија и регионот Централна Азија. Тема на предавањето е Fossilized Modernism.