In Situ Art Fair / фотогалерија

Фотографии: Васе Аманито

Извори: In Situ Art Fair

Ин Ситу е меѓународен саем на уметност составен од развојни програмски содржини кои се меѓусебно поврзани и обединети преку нишката на автентичниот израз.

Основан со цел да обезбеди столб за раст и развој на современи и конвенционални формати на изразување, Ин Ситу е инклузивен во својот пристап и ексклузивен во своите изведби.

Оваа противречност потекнува од верувањето дека само преку спојување на непредвидливото би можеле да обезбедиме простор за прогресивна културно-уметничка сцена.

Саемот е отворен во петок 14 и сабота 15 септември (Младински Културен Центар), од 12:00 до 00:00 – ве очекуваме!

Ви носиме фотогалерија создадена неколку часа пред вчерашното отворање: