INCM ЈАТО 2019 во Трпејца, Охрид

ЕАСА (Европска Асоцијација на Студенти по Архитектура) e платформа за културна и едукативна размена која ги поврзува студентите по архитектура од сите европски држави, а во последните години и од целиот свет.  Како основачи зад оваа иницијатива стојат Ричард Марфи и Џеф Хаслам кои во 1981 година во Ливерпул, пратиле повик до другите колеги/студенти во Европа со цел да создадат т.н. алтернативен начин за учење архитектура кој имал поразличен пристап.

Настанот се одржува секое лето, трае околу две недели, секоја година во различна држава и за тоа време секоја земја со свој тим од најмалку  седум  члена формира утописка заедница во која околу 600 студенти и професионалци живеат, работат и учат заедно.

Вториот настан на ЕАСА заедницата е INCM (Intermediate National Contact Meeting), којшто функционира како инструмент за донесување на одлуки. Се одржува секоја година во есен кога се собираат сите национални контакти (претставници од секоја европска земја) за да го анализираат минатото и да дискутираат за идниот развој на ЕАСА мрежата.

Оваа година INCM настанот се оддржа во Бугарија, каде со неочекувано огромна поддшка од страна на мнозинството на националните контакти после неколку вечерна дискусија се постигна консензус со кој за прв пат после скоро 40 години на постоење на ЕАСА заедницата, избраната тема за овој настан во 2019 беше INCM JATO на македонскиот тим,во конкуренција со темите на тимовите од Турција, Латвија и Малта.

Темата ЈАТО ја користиме како дефиниција за ЕАСА заедницата, со која ја дефинираме како ЈАТО од фамилија на студенти по архитектура кои постојано мигрираат на различни места во светот, добредојдени во локалните заедници на кои тие директно влијаат, додека се обидуваат да ја остават природната околина недопрена. Со секој EASA и INCM настан заедницата се обидува да ги еволуира својата свест и однесување.  За да продолжи таа еволуција, македонскиот тим во октомври 2019 година ќе биде домаќин (донесе) на  околу 150 студенти по архитектура од целиот свет во село Трпејца, Охридско. Идејата зад конференциjата и избраната локација е ЕАСА заедницата да се стави во конкретен контекст, каде влијанието кое ЕАСА заедницата ќе го остави на локалната заедница и влијанието што локалната заедница ќе го остави на ЕАСА заедницата носи значење поголемо од било кој контекст во кој двете заедници некогаш се нашле.

Нашиот организациски тим е составен од : Ирена Милојеска, Христина Секулоска, Александар Балдазарски, Вероника Османли, Андреј Дојчиновски, Ива Јованова, Дарко Мојсоски / Александра Костадиновска ( официјален фотограф ) и Симона Тасевска ( официјален графички дизајнер ).

Подготовките за настанот започнуваат во ноември 2018 година и ќе траат до октомври наредната година. Во оваа фаза, како тим на организатори на  INCM (Intermediate National Contact Meeting) во Македонија,   повикуваме и очекуваме поддршка од страна на сите оните кои сметаат дека може да придонесат во успешно реализирање на настанот од било каков аспект: медиумски или покровителски.

Нашата цел  е преку организирање на овој настан  да ја претставиме нашата земја со сите нејзини културни, архитектонски, историски и традиционални обележја пред претставници –млади архитекти од цел свет, за која преку претходните средби на ЕАSA слушнале многу колеги изразувајќи интерес и желба посуштествено да не’ запознаат.

Дознајте повеќе >>>