Прва студентска годишна изложба на ISAD

Фотографии: Васе Аманито

На 10ти мај во Мала станица, се отвори првата годишна изложба на студентите при Факултетот за архитектура и дизајн на University American college – Skopje. На истата се претставени делата работени во текот на 2017-18 година.

Покрај архитектонските концепти, презентирани се и изработки на модели, прототипи на парчиња мебел од светски автори, конструктивни детали и дела работени по предметот пластично обликување. Изложбата можете да ја посетите уште денес, до крајот на работното време на Мала станица.