“Човек и простор” – изложба во најава на Родољуб Анастасов

Почитувани пријатели,

Во име на Музеј на град Скопје, со огромно задоволство ве покануваме на отворањето на изложбата “Човек и простор” на Родољуб Анастасов, 21 декември 2018год. (петок) во 19.00 часот, Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов”, Музеј на град Скопје

“Човек и простор” е циклус за осаменоста на субјектот во урбаниот простор и воопшто во светот во кој некој се наоѓа надвор од прозорецот. Луѓето во оваа голема серија дела се силуети кои се наоѓаат во некаков свет, предел или град со кој не се во реален контакт. Тежиштата на односите и пораките постојано поседуваат некоја неодреденост која се движи меѓу дистанцата на уметникот и светот околу него или во други случаи на отуѓеноста, алиенацијата на урбанизираниот човек, а можно е дека во тие глетки може да се почувствува некој поглед на идеологијата која луѓето ги доживува како толпа.

Настан >>>

Автор на статија: