Скопските вертикали

May 12, 2018

Година: 2018

Фотографии: Васе Аманито

Извори: Авторите

Локација: Музеј на град Скопје

Во понеделникот, на 7 мај, во 20 часот во Музејот на град Скопје , се отвори изложбата „Скопските вертикали“ . Истата е резултат на повеќегодишно истражување и документирање на темата од страна на авторите Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков со соработниците.

„Покрај професионалната љубопитност, основен мотив кој стои во позадина на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ е да се придонесе за повторната видливост на еден од забора­вените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина. Во основа на истражувањето (проследено со публи­кација и изложба) е исто така желбата за подетално проучу­вање на скопските високо­катници, кули…, производ на еден од доми­нант­ните модели на урбаниза­ција и развој на европските градови во втората половина на 20-от век. 

Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои при­паѓаат на периодот од 1950 год. сè до доцни­те 80-ти години од минатиот век, кој исто­вр­емено е и најдинамичен период од исто­ри­јата на развојот на Скопје. Потпирајќи се на доволната историска дистанца која доз­волува објективно согледу­вање на заемното влијание на општествено-политичките процеси, глобал­ните архитек­тонски движе­ња, технолошкиот напредок… врз развојот на урбаната форма, целта на трудот е поде­тал­но проучување на архитек­турата на вертикалниот град, условите во кои таа настанала, главните одлики кои ја одре­ду­ваат, квалитетите и вредностите кои ги поседува.“

 

 

 

Автор на статија:

| / / / / |