ЈАВЕН ПОВИК за Голема годишна награда за 2019 год.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија – AAM објавува

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на Голема годишна награда за 2019 год.

Големата годишна награда на AAM, согласно чл. 41 од Статутот на AAM и Правилникот за додела на наградата, се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело за тековната календарската година. Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование. Заинтересираните архитекти за учество треба да достават:

  • Папка А4 или А3 формат со следната содржина:
  • Текстуален дел
  • Пополнета Пријава
  • Овластување на проектантите
  • Техничко образложение
  • Графички прилози
  • Извод од план (графички дел), ситуација (размер 1:500; 1:200), основи на
  • приземје и катови, пресеци (размер 1: 100; 1:200) и фотографии од објектот>
  • CD со сите материјали и прилози содржани во папката.

Папката и СD-то се доставуваат до канцеларијата на ААМ, на ул.: “Даме Груев“ 14а, Скопје, секој работен ден од 11:00 до 15:00 часот. Папките не се враќаат на учесниците, остануваат архивирани во канцеларијата на ААМ.

Рокот за предавање е до 14.12.2019 год.

Пристигнатите трудови ги селектира, оценува и донесува одлука за добитникот на наградта петчлено жири составено од афирмирани архитекти, членови на AAM.

Напомена: Учесниците во проектот кои не се членови на AAM за учество плаќаат котизација во износ од 3.500 денари од пријавен труд.

Лице за контакт: Александра Пирганоска, арх. – технички секретар во ААМ
Телефон за информации: 3237-277, 076 350 336
e-mail: kontakt.aam@gmail.com
www.aam.org.mk