Kонкурс за дизајн на мебел / PUNKT и Paratisima Skopje

Паратисима Скопје и Пункт мебел, Скопје рапишуваат конкурс за дизајн на мебел наменет за сите дизајнери и креативци кои се во потрага по нови предизвици и би сакале токму нивниот дизајн да ги обиколи националните и интернационалните продажни центри и саеми на мебел!

Конкурсот ќе биде отворен од вторник, 16 февруари, 2016 година до сабота, 30 април, 2016 година.

Правила на учество:

Секој може да аплицира: сите дизајнери и креативци можат да учествуваат. Секој автор има апсолутна автономија при дизајнирањето и презентацијата на своето дело.

Конкурсот се распишува за дизајн на:

  • Фотеља
  • Гарнитура – дводед или тросед
  • Лежалка

Повеќе информации за конкурсот можете да најдете на изворната web локација:

извор: Paratisima Skopje

Автор на статија: