Kонкурс за “мал базен во Крушево”/ СТОКУЌА

Автор: Симона Шандуловска Ѓорѓиевски

Фирма: СТОКУЌА ДООЕЛ

Година: 2011

11

Локацијата за базенот е во непосредна близина на маркантните архитекронски обележја на Крушево: “Македониум” и “Спомен куќата за Тоше Проевски”- каде што и двете градби пленат со јасни форми, елеганција и скулптуралност. Токму тие карактеристики се преплетуваат во објектот наменет за покриен базен со што тој совршено се вклопува во непосредната околина, а истовремено би претставувал нов препознатлив белег на градот.

15

16

Објектот во основа е со правоаглона форма со димензии 50мх43м, додека највисоката точка на конструкцијата е 12м. Конструктивниот систем се состои од челични олеснети “I” носачи потпрени на бетонски столбови кои заедно функционираат како рамка поставена на 6м (формираат седум полиња 6мх7=42м) со распон од 48м. Поставеноста на објектот е таква да влезовите се од западната страна (запад е од грб на трибините), додека останатите три фасади се транспарентни и визуелно ориентирани кон опкружувањето, конкретно на север кон вештачкото езеро и спортските терени, на исток кон околната шума и “Македониум”-от, а од јужната страна се отвара поглед кон целиот град.

6 presek 1-1

7 presek 2-2

8 presek 3-3

Формата на објектот ја прати функцијата и содржината. Во делот кај трибините е највисоката точка од 12м, додека кон базенот висината постепено се намалува до 6м. На ваков начин се елиминира непотребниот волумен, а сепак визурите од трибините кон базенот не се нарушуваат. Конструкцијата е искрено покажана на фасадата каде јасно се издвојуваат ленти исфрлени од масата на волуменот. Тие од крајот кон средината на објектот постепено се надвишуваат со што се овозможува зенитално осветлување на внатрешниот простор, постигнувајќи интересна игра на светло-темно, како и разиграност на фасадата.

21

Вака добиената форма асоцира на рибини шкрги, облик на школка, а кружните отвори уште повеќе допринесуваат за намената на објектот да биде очигледна уште од надворешниот изглед. Зениталното осветлување е преку мат-стакло кое во ентериерот внесува дифузна светлина (се избегнува неповолната рефлексија од водената површина). На фасадата се постигнува ефект на полно-празно преку комбинацијата на полните ленти наспроти перфорираните застаклени ѕидни површини кои ја овозможуваат потребната транспарентност и комуникација со надворешниот простор.

18

Содржините се развиваат во три надземни и едно подземно ниво.

1 osnova -2.7 Во приземјето се јавуваат три влеза: главен за посетители, влез за спортисти и корисници на базенот и влез за администрација. Покрај влезовите тука се јавува и главниот влезен хол со гардероби, санитарии и вертикални комуникации до трибините за посетители-публика, влез за администрација и вработени, технички персонал, медицинско лице, спасители, тренери и судии и санитарни простории за спортисти и корисници на базенот.

2 osnova 0.0

Второто ниво содржи фитнес сала и администрација, а на третото ниво (делот над трибините) се кабини за ТВ и радио пренос, пинг-понг сала, прес-центар, кафе-бар, како и продавница за спортска опрема. Во подземното ниво се сместени технички простории кои се неопходни за функционирање на објектот.

3 osnova +2.7

4 osnova +5.94

5 petta fasada

При проектирањето е водено сметка да се обезбеди непречен пристап за лица со посебни потреби (под трибините на приземното ниво се обезбедени четири гледачки места, постои лифт-платформа за пристап до најгорното ниво). Предвидените градежни материјали се современи и енергетски ефикасни. Објектот е обложен со една обвивка (сендвич панел) која преминува од фасадата на кровот.

9 severna i juzna fasada

Се состои од надворешен и внатрешен рамен лим со термичка исполна, а ѕидовите од внатрешната страна се обложени со гипс-картон. Просторот помеѓу сендвич панелите и гипс-картонот се иполнува со тервол со што се обезбедува максимална термичка изолација. На кровот постои можност за поставување сончеви колектори или фотоволтаични системи.

14

На ваков начин со примена на современ архитектонски израз се создава објект кој совршено се вклопува на дадената локација, истовремено претставувајќи ново обејежје на градот.

19

26

25

24

23

Автор на статија: