Leave a comment...

KECHMAN HOUSE / Стефановски

Локација: Варшава

Автор: Стефановски Вања

Макета: Владимир Мартулов

Инвеститор: Томислав Кецман

Година на проектирање: 1992

Извор: Бимас 1993

 

„KECMAN HOUSE е резиденција проектирана во елитното предградие на Варшава,  што се наоѓа во поранешениот Национален парк. Големината на парцелата овозможува богато решение како на партерот така и на објектот кој претставува адаптација на атриумската куќа на климатските услови на Варшава преку покривање на атриумот со застаклен кров.

Основа на сутерен

Приземјето на објектот ги овозможува сите станбени функции (ветробран, хол, дневен престој, бар, трпезарија, богато решена станбена кујна, како и спален тракт со санитарни јазли). Централно сместениеот покриен атриум претставува наедно комуникација (преку галеријата со сутеренот). На тој начин атриумот е и визуелна и комуникациска доминанта во целиот објект, овозможувајќи ја неговата интегралност. Во сутеренот се решени низа репрезентативно – рекреативни функции(хол со бар, билијард сала, покриен базен), како и помошни функции ( апартман за домар, гаража за две возила, котли и пумпи, перална и остави).

Основа на приземје

Објектот е проектиран со армиранобетонски скелет и дрвена кровна конструкција. При обликувањето на целиот објект доиминира настојувањето да се задржи и почитува симетричноста на формата на основниот елемент квадратот, при што во основната и секундарната пластика е остварена урамнотежена и хармонична композиција.“

Излед

Ф.К

 

Share This:

Коментарите се затворени.