Концепти за комплексот кај старата железничка станица во Скопје

Извори: Бимас 1993 , Limak Holding

Просторот околу старата железничка станица во Скопје, од секогаш се сметал за атрактивна површина која треба да се исполни со повеќенаменски содржини . Во 90тите години на минатиот век , организиран е општ републички анкетен јавен и анонимен конкурс за овој потег на кој се пријавиле повеќе учесници. Темата на истиот гласела како „Визија за комплексот на Стара железничка станица во Скопје .Во продолжение ви презентираме неколку од нив:

  1. Првонаграден труд

 

Автори: Благоја Колев, Владимир Арсовски, Тони Поповски

Година: 1993

Кратко образложение: „Во обидот да се осмисли планирањето на просторот околу Старата железничка станица, истражени се повеќе обликовни, функционални и организациони решенија со нови сознанија кои сепак ќе ги нарушат основните функционални поставки на градот. Особено суштествено е решението за магистралната градска сообраќајница – Јужен Булевар“

 


2 Второнаграден конкурсен труд

Автори: Илија Стојчевски, Моника Стојчевска

Соработник: Борис Грдановски

 

 

Кратко образложение:  „Оваа визија за решавање на просторот на старата железничка станица во Скопје, ја афирмира идејата за оживување и осмислување на прекинатото логично, традиционално и суштинско движење во градот кое ги афирмираше и интегрираше на улицата М.Тито, плоштадот, Камениот мост, Старата чаршија и битпазар. Следејќи ја идејата на предвидениот простор, создаваме моќен медиум од содржини и настани (бизнис центар, меѓународен културен центар, саат кула, градски хотел, меѓународен културен центар, саат кула, градски хотел, меѓународен информативен центар, луксузни апартмани, странски амбасади и минимаркет) кои ќе претставуваат генератор на јавниот живот на градот.

 

 

Старата железничка станица наполно се вклопува во новата концепција, а овој простор, кој порано физички не поврзуваше со светот, повторно ќе ја добие улогата на поврзување на Македонија со светот, но сега на деловен, културен и политички план.“

 

3  Третонаграден труд

Автори: Мартин Гулевски, Миодраг Радоњиќ, Стефан Смилевски, Ранчо Христов

Година: 1993


Кратко образложение: „Со ова конкурсно решение се предлага ширење на градскиот центар кон Водно, префрлање на рангот од ул. „М.Хаџи  Василев“ на ул. „Железничка“ и создавање градско јадро кое во себе интегрира повеќе функции, а наедно е и техничко решение за совладување на проблемот на Јужен булевар и неговото пробивање низ централното градско јадро, со што е можно помали проблеми и последици.

Предвиденото решение ги задоволлува сообраќајните барања и овозможува канализирање на брзата сообраќајница. Ова постигнато со поставувањето на „Т“ вливници и објекти паралелно со сообраќајницата по целата должина.

 

 

Примената на урбаниот блок во ова решение не е последица на тренд туку модел кој се потврдил во животот на градот. Сметаме дека на овој начин ќе се надгради старата градска матрица која со урбанистичкиот план од 1965 година е делумно нарушена.

Со понуденото решение е создадена пешачка зона која се потпира на аксијалната Бит-пазар – Плоштад – Железничка станица кон населбата Црниче и Клиничкиот Центар. На овој начин ги враќаме градот и улицата на граѓаните, а  не на возилата.

Со предложеното решение е задржано постојното зеленило и е предвидено дополнување покрај и внатре – во блоковите.“

 

 

Она што е значајно да се напомене за приложените трудови е дека сите размислуваат на посебниот статус на старата железничка станица во Скопје, како засебен субјект, нејзино интегративно доградување и дополнување со функции.

За старата железничка станица и нејзиното дообликување подоцна беше организиран и посебен конкурс во кој се бараше да се интегрира градската куќа што беше навистина зрела идеја ( за конкурсот и трудовите во некоја следна објава).

Во тековниот период сме сведоци на изградбата на комплексот според сосем ново решение, кое несмасно ја интегрира старата железничка станица и не нуди содржини од доменот на културата. Воедно проектот беше критикуван дека не размислува за продорот на свежиот воздух од Водно кон центарот на градот. Ова посебно се мисли за четирите кули, кои со широката страна паралелно се поставени спрема Воднo, наместо со потесната страна.