Победничко решение на конкурсот за нова Театарска зграда во Прилеп / Павловски, Мирчески

По неодамнашната објава за распишан архитектонски конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за театар на дел од домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, за потребите на народен театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, ви го презентираме победничкото решение на СПИМ Студио (Синиша Павловски и Илија Мирчески)

Во наредните денови ќе следи целосна објава на проектот на нивната официјална веб страна www.spimstudio.com како и на нивниот Инстаграм профил.

Зададената локација е во склоп на Домот за култура „Марко Цепенков“ која што ги зафаќа деловите каде постојат група на објекти кои се меѓусебно поврзани. Во тие објекти се сместени помошните простории на големата сала (ресторан) кој се наоѓаат на првиот кат,  повеќенаменската галерија, просторот во кој што сега е сместено „Арт кафе – Апореа“, Киното „Мис Стоун„и просториите од кујната на некогашниот ресторан сместени на приземје, и во подрумските простории некогашното градско диско.

1. Постоечки објект кој по направената анализа за негова искористеност и економичност е утврдено негово отстранување

При направената анализа за квалитетите на постоечките објекти е, нивната економска оправданост, истраеност и важност на овој склоп од објекти е утвредно дека за реализација на новиот театар подобра е отстранување на истите. Со тоа не се нарушува главната функција на домот за култура туку се дава  можност за надополнување и осовременување на  самиот дом.

2. Простор утврден за изградба на новата театарска зграда

Отстранувањето на објектот би се остварило поради следните причини. Неможноста на постоечката конструкција да се вклопи во кој било конструктивен скоп за реализација на гледалиште, сцена со сценска кула и мала сцена. Неможноста за реционално решевање на потребниот паркинг простор за новиот објект во склоп на површината која што тој ја зафаќа.

3. Развивање на целокупната површина на висина до три ката

Локацијата за која е изработен идејниот проект е со вкупна површина од 1864м2.  Поставеноста на подолгата оска од самата локација е север-југ, а потесната страна исток-запад. Пристапот до локацијата за возила е од северната страна преку идната новопроектирана Станбена улица, од источната и јужната страна излегува на јавни површини плоштад и парк, а додека западната страна грничи со Домот за култура „Марко Цепенков“.

4. Поделба на јавен дел за посетители и дел за вработените каде што пресекот на двете програми се гледалиштето и сцената

Поставеноста на локацијата и нејзината поврзаност со строгото градско подрачје доведе до развој на концепт кој беше почетна точка за развиок на целиот проект. Како таа постоечка јавна површина да стене и дел од нашиот објект т.е. како да направиме спој помеѓу плоштадот и објектот. Развојот на идејата почнува на начин на кој што целокупниот волумен кој е на располагање го делиме на две функционални целини. Првата е просторот кој е наменет за публиката односно јавноста, а другиот дел е просторот кој е наменет за вработените во театарот и актерите. Па така пресекот помеѓу овие две функционални целини  го претстаува гледалиштето и главната сцена. Тоа доведе до јасна програмска поделба и поставеност во однос на површината од објектот. Така поделени се добиваат три функционални целини и тоа јавен дел, сцена и гледалиште и простории за вработените во тетарот.

5. Сценски ансамбл, главна сцена со сценска кула задна сцена и бочна сцена + гледалиште

Најбитен дел на секој театар претставува оној пресек каде што се случува целата акција, а тоа се гледалиштето и сцените. Во ова решение е предвидено гледалиште со капацитет за 380 гледачи при тоа 320 гледачи кој се сместени на партер (приземје) и 60 гледачи на галерија (прв кат). Сценатапретставува групација на три сцени секоја со своја посебна функција и тоа: Главна сцена која што има проскениум кој навлегува во гледалиштето со сценски отвор од 10м на 6,25 по правилата за театарски и дрмаски сцени. Главната сцена и останатите две сцени имаа можност за автомарско затварање при пожар со помош на металната завеса поставена на сценскиот отвор. Задната сцена преку која што се врши и доставата на сценски материјали и нивното составување пред да бидат поставени на главната сцена,  исто така и простор за брзо изменување на сценографија при поголеми претстави. И како последен но најбитен дел од целата група на сцени е бочната сцена или во нашиот предлог и мала сцена.  Како бочна сцена претставува простор за чување и брза замена на сценографијата при одреден вид на претстави. Исто така кога нема потреба за нејзино користење како бочна сцена претставува и мала сцена која што има капацитет од 100гледачи. И посебен влез од како од внатре од едно од фоајеата така и од надворешната страна на објектот. Сцената е на кота +1,00м од пристапниот тротоар и целиот овој ансамбал од сцени се протега на истата кота, а како дополнување на ова имаме и подрумски сценски простори каде што се сметени сценските магацини и сценската техника со свој посебен влез од нивот -1.

Фоајето на западната страна кое што граничи со домот на култура има посебен архитектонски третман со кој му се дава на значење на веќе постоечкото фоаје од домот. Тоа е овозможено преку визуелно поврзување на двата простори и оддавање на почит на ѕидната (мурална) вредност која што ја поседува фоајето изработена од прилепскиот сликар Борко Лазески, а преку визуелното поврзување истата се пресликува во новопроектираниот театар со што формираат една целина.

6. Одземени делови со цел воспоставување на врска за поврзување со плоштадот

Со помош на одземање од вкупниот волумен на објектот се формира главен влез преку големи театрални скали кој во одреден момент можат да бидат и гледалиште со што има можност да се извади целата театарска и актерска игра надвор на самиот плоштад. Исто така целиот тој простор со скали и таков нагласен влез претставувам простор во кој може да се случуваат не само претстави на отворено туку и најразлични настани од типот музика на отворено, разни игри хепенинзи, настани од јавен и приватен карактер и слично.

7. Формирање на нов плоштад во склоп на влезот на театарот преку театралните скали (можност за настани/театар на отворено)
8. Додавање на паркинг простор и помошни простории за сценската техника во двете подрумски нивоа

Како дополнителен програмски елемент е решавањето на паркинг простор во рамки на парцелата, а тоа е остварено со двете поздемни нивоа до кои се доаѓа од Станбената улица на северната страна преку пристапна рампа, а потоа преку внатрешните комуникации се продолжува на останатите нивоа. Првото подземно ниво -1 има капацитет од 29паркинг места и 1 место за инвалид, а додека на второто подземно ниво-2 има капацитет од 27 паркниг места и 1 место за инвалид.  Вкупно 56паркинг места и 2 места за инвалиди.

9. Пристапи и влезови во објектот во зависност од функцијата и поставеноста на програмата

Останатиот дел кој што не е третиран со влезовите претставува разбивање на монотонијата на кубичестата форма преку едноставно третирање на фасадните површини со ветикално поставени метални флахови. И како краен елемент кој го отсликува архитектонскиот израз се големите стакелни површини (со посебни полукружни стакла), кои што ја дополнуваат онаа првична идеја на поврзување не само физички туку и визуелно со самиот плоштадот, а воедно и градот.

10. Армирано бетонска конструкција и челична решетка

Целиот објект е замислен да биде изведен од армирано бетонска конструкција поделен на два дела во спојот на гледалиштето и сценскот дел. Притоа за поефикасно премостување на големите распони е предвидено касетирана меѓукана конструкција.
Притоа освен бетонска конструкција поради потребните распони и концептуално оформување на просторот се појавува и челична конструкција. На третото ниво од јавниот програмски дел е предвиден да се изведе од челична решетка поради театралниот отвор кај главните влезни скали и големите распони кои што има потреба да се совладаат.

11. Поврзаност на објектот со плоштадот и целосно функционален театар

Покрај едноставната форма која што ја има театарот со помош на одредени архитектонски алатки е прикажан еден поинаков архитектонски израз. Целото внимание на посетителот и околниот поминувач претставува влезната партија со своите театрални скали. Сето тоа со цел да добиеме поврзување на објектот со плоштадот, а воедно да создадеме едно ново третирање на просторот. Истото тоа нагласување е потенцирано со обработката од дрво која што му дава толина и го одделува како посебен архитектонски елемент.

Сите овие програмски целини се обединети под една идеја и преточени во објект кој ги задоволува техничките потреби на еден нов модерен театар, програмските барањана конкурсната документација, ги наполнува програмските целини кои беа изгубени со рушењето на постојните објекти. Со тоа го овозможува поврзувањето на објектот со јавниот простор со што отвара нови моменти во постоењето на објектот и неговата локација во централното градско подрачје.

Оценувањето на трудовите го изврши комисијата составена од 7 члена во состав:
Милан Јованоски диа – претседател
Катица Димоска Талевска диа – член
Илија Беличоски диа – член
Благоја Богоески дги – член
Менче Караџоска – член
Марија Јанкулоска диа – член
Мирољуб Чорбиќ диа – член