Крстилницата во Стоби во својот оригинален изглед после 1400 години

Извори: Стоби, Сакам да кажам,  Б. Несторовска

Тековно се случува реализација на проектот за конзервација и реставрација на крстилницата од Епископската базилика во Стоби, по што треба да се врати оригиналниот изглед од  VI век. Проектот е финансиран со грант од Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културното наследство во Македонија, доделен во 2016та година, додека со работа се започна минатата година и продолжи во 2018та.

Активностите опфатија интервенции на мозаичните подови, како и на камената пластика, по што за прв пат ќе имаме прилика да ги видиме мермерните столбови вратени на своето место како и кантаросот после 14 века од нивната изградба.

Анастилоза на столбовите од крстилницата во Стоби

Одличен прогрес на проектот за заштита на крстилницата од Епископската базилика во Стоби финансиран од U.S. Embassy MacedoniaTime laps од анастилозата на столбовите во крстилницата.Great progress of the project for preservation of the baptistery in Stobi, granted by the U.S. Embassy MacedoniaTime laps showing the anastylosis of the columns in the Baptistery.

Публикувахте от Стоби в Четвъртък, 16 август 2018 г.

Активностите на националната установа- Стоби, се видни и на нивната facebook страна, каде често се споделуваат видеа за заинтересираните на тематиката.

Крстилницата се наоѓа јужно од базиликата. Има четирилистна форма впишана во квадрат и била покриена со купола. На средината има писцина со скали на две страни. Писцината била покриена со балдахин потпрен на мермерни столпчиња. Подот во крстилницата е декориран со мозаици на кој се претставени пауни помеѓу кои има кантарос и елени помеѓу кои има канатарос. Ова е илустрација на Давидовиот псалм 42. Ѕидовите биле украсени со фрески со претставени светители. Од почетокот на 6 век покрстувањето не се изведувало со потопување во писцината, туку за таа намена во употреба бил голем мермерен кантарос.“