КУПРОМ – настан со едукативно, културно-уметнички и еколошки активности

Извор >>>

Oфицијалниот настан е организиран од Меѓународно здружение на граѓани КУЛТУРНО ЕХО-Скопје. Настанот е со едукативно/промотивни, културно –уметнички и еколошки активности, со цел да се запознаат локалните жители со можностите што ги нуди напуштениот објект, фабриката Купром. Настанот ќе се одржи во дел од дворното место на фабриката Купром во населба Влае, општина Карпош , Скопје .

Почетокот на настанот е закажан во 12:00 часот ,21 Октомври, 2018 година .
На овој настан пред присутните ќе се претстави Меѓународното здружение на граѓани Културно Ехо преку презентирање на својата мисија , програмски активности , цели и проекти, ќе бидат презентирани главната цел на проектот Напуштени можности , специфичните цели , проектните активности и очекуваните резултати.
Програма на настанот:
1. Претставување на Културно Ехо – 10 мин
2. Презентација на проектот Напуштени Можности – 20 мин
3. Презентација на магистерски трудови на архитекти за Купром
– Наташа Вчкова – „Заштита на урбаните празнини преку реадаптација на напуштени индустриски објекти“ 15-20 мин
– Горјан Венов – „Истражување на обликувачки и програмски нови модели/типологии на јавните објекти за потребите на реонските центри во градот Скопје | Наслов : Трансформација на напуштен производствен објект во нов простор од областа на културата – нов културен дистрикт за потребите на реонскиот центар на општина Карпош“ 15-20 мин
– Ангела Димитрова – „Пренамена на фабрика Купром со нови програмски и јавни содржини соодветни за технолошки центар“
15-20 мин
4. Говор/настап на LD Pistolero 15-20 мин
+проекција на видеа,документарци,спотови направени во Купром
5. Краток Космички Водич низ Човековите Права и Заедничкото Добро – Александар Ташковски L.L.B L.L.M.
студент по Меѓународно право 15 -20 мин
6. Дебата со публика
– вклучување на невладини организации
– советници , професори , професионалци
– поддршка од јавни личности
7. Музичка програма на Лонгбас