Социолошка интеграција преку создавање на градско урбано одбележје и решавање на проблемот со поплавата во Лугано

February 16, 2018

Година: 2017

Наслов: ЛУГАНО 3.2

Предмет: Landscape Design Studio

Автори: Дијана Јакимовска, Suwen Chen , Tarek Elnakeeb, Jiawei Pang

Универзитет: Politecnico di Milano – Sustainable Architecture and Landscape Design

Ментор: prof. Matteo Polli

Локација: Лугано, Швајцарија

Како и самото име на проектот, во овој проект се фокусиравме на решавање на два проблеми на три локации во Лугано. Решавање на социолошкиот аспект кој се соочува со недостаток на места за одржување на јавни манифестации и настани и решавање на проблемот со поплавување кој во последните години е се почесто присутен и алармантен.

Мастерплан

Нашиот дизајн процес започна со анализа на постоечката урбана структура на градот, одбележувајќи ги празните напуштени парцели потенцијални за искористување. Истовремено се посветивме на искористување на овие парцели во решавањето на поплавувањето.

Анализа на локации

Лугано се поплавува како резултат на неколку фактори. Неговата географска локација, која е опкружена со високи планини и сета вода за време на врнежите директно се слева во градот. Големата количина на вода доага и од реката Тичино која ја собира водата од сите помали притоки и истекува во езерото Лугано.

При огромната количина на вода , постоечките подземни цефки за вода се оптоваруваат и поради големиот притисок водата се излева на улиците. При детална анализа на овој проблем откривме дека на езерото Лугано му е потребно 20 часа да ја пренесе водата која надоага преку каналот до најдлабокиот дел од езерото и да се спречи поплавување на крајбрежјето. Поради таа причина сфативме дека ние не би можеле да го спречиме поплавувањето, но можеме да го успориме времето на истекувањето на водата во дренажните цефки и езерото.

Фактот кој ги обединува овие два проблеми е тоа што периодот од годината во кој што има најмногу поплави е исто така истиот период кога во градот има најмногу социјално-културни настани (Јуни-Октомври)

Дизајн процесот подлежи на анализа на постоечката урбана структура.

Локацијата број 1 реагира како еколошки контејнер и обединување на спортските комплекси во еден јавен парк што го најавува почетокот на зелениот појас што следи со течението на каналот Касерате се до финалната дизајн точка на локација број 3 на самиот брег на езерото Лугано.

Планови за трите локации

Пресеци

Ботанички план

Локацијата број 2 има улога на урбан и социјален сунѓер, кој лежи во срцето на градот. Големата густина на резиденцијални и едукативни објекти во неговата околина ни наложи редифинирање на три подпростори. Од јавен парк и плоштад кон полујавно вдлабнато детско игралиште и полу приватен парк за жителите на околните резиденцијални објекти. Фактот кој го прави ова решение едноставно функционално е што сите овие простори се на неколку скалила пониска кота, која овозможува собирање на водата за време на период на поплави. Ова урбано јадро кое реагира како базени-складишта на вода ја задржуваат водата за онолку време колку што е потребно и потоа полека со помош на новиот дренажен систем водата стигнува до главната постоечка канализациона структура.

Перспективен пресек D-D

Перспективен пресек E-E

На следните фото колажи може да се прегледа ситуацијата во новиот простор за време на еден сончев ден, врнежлив ден и кога градот е тотално поплавен.

Сонце

Дожд

Поплава

Локацијата број 3 има улога да стане новото обележје на градот, лого по кое Лугано ке биде препознатлив. Лугано, како едно од најпосетените езерско туристистичка локација, му недостасуваат неколку основни параметри, простор за уживање покрај вода и спотски водни активности.

Мултифункционален објект, платформа која подржува повеќе активности за жителите и туристите. Недостатокот на спортски активности за секого ја потикна идејата за создавање на простор за кајакарење. Кафе бар и лебдечка плажа на вода, екстензија на постоечка оска на пешачка зона на брегот на езерото и можност за панорамска слика кон градот. Екстензијата на оваа структура е целосно видлива од секој агол од брегот на Лугано.

Структура

Пресек G-G

Ф.К

Автор на статија:

| / / / / / |