Leave a comment...

Mama’s shelf / Конески

Автор: Филип Конески

Година: 2014

Работено за: Mama’s

Познатиот бренд Mama’s, во 2014та година организираше отворен конкурс за најдобра полица. Истата требаше да биде во функција на репрезентативното презентирање на производите на брендот пред странската јавност на саемите за храна, како и маркетите во кои се продава Mama’s ајвар и малиџано ( 35 земји во светот).

 

Победничкото решение размислува за мобилноста на полицата преку нејзиното лесно придвижување, расклопување и повторно склопување, како и понуда на дополнителни функции кои можат да бидат од корист при саемското презентирање.

Димензионирањето започнува од ергономските димензии за седење 45/45/45  како максима од која секој нареден елемент се намалува онолку колку е потребно да се навлече во поголемиот елемент. На принципот на „хидроулично“ вовлекување се поставуваат елементите еден во друг.

Презентираниот прототип е изработен  од OSB плочи, со 6 елементи – кутии и 3 сепаратори.

Со оглед на просечната висина на пакувањата на производите на Mama’s ~18 cm за големите тегли и ~ 14 см за малите тегли, се појавува можноста во трите најголеми кутии да се  постават  двојно повеќе производи за кои служат сепараторите. Над повеќе производи се поставува сепараторот врз кој се редат останатите.

Модуларноста и дизајнот покрај основната функција – полица е проектиран да овозможи и функции на седење, маса за одложување, пулт за презентации итн. Со повеќе вакви мобилни полици, зависно од просторот каде се изложува, секој пат може да се создава и организира целосно штанд со сите негови потреби од мебел, притоа овозможувајќи секојпат различен изглед.  Два големи елементи еден над друг веќе достигаат висина од 90см што е идеално за организирање пулт

За полесно одложување, полицата е поставена на тркалца кои поседуваат кочници за поголема стабилност, додека за нејзиното лесно придвижување дизајниран е мобилен држач со кој полицата лесно ја одвлечкувате како куфер.

Во парчето мебел, насловено како Mama’s shelf ( Полицата на мама)  се рефлектира архитектониката како рационална мисла за просторот и неговата едноставна функционалност.

Mama’s shelf беше првонаграден труд на конкурсот а пред публиката се претстави како дел од изложбата Ghost project, на Миксер фестивалот во Белград 2015 година, и скопската недела на дизајн истата година.

@Vistina.mk

@Sitel.mk

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.