Материјални контури / изложба на територијални истражувања

June 29, 2018

Фотографии: Васе Аманито

На ден 27.06. во кино салата на Железничката зграда во Скопје се одржа настанот именуван како Материјални контури. Настанот се состои од две изложби, а се реализира како соработка на Факултетите за Архитектура при Универзитет Американ Колеџ од Скопје и Syracuse University од New York. Оваа соработка е претставува вовед во 6та Летната Школа за Архитектура во Охрид која ќе се одржи од 30ти Јуни до 7ми Јули насловена со истиот наслов “Материјални Контури”, а во организација на Факултет за Архитектура и Дизајн, Американ Колеџ Скопје. Ментор на летната школа ќе биде Митеш Диксит, професор по Архитектура на Syracuse University во New York.

ТЕРИТОРИЈА КАКО АРХИТЕКТУРА – МАПАТА Е ПОИНТЕРЕСНА ОД ТЕРИТОРИЈАТА

Изложбата претставува синтеза на двосеместраланта задача на предметите урбан дизајн 1 и 2 на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС Скопје кој ја разгледува релацијата помеѓу територијата и архитектурата преку квалитативен и контекстуален пристап. Оваа релација ја тестиравме преку три теми кои во себе ја содржат комплексноста на територијата: резистентност на тлото (сите впишани информации во и на земјата кои се отпорни на промени низ времето), политички одлуки (човечки интервенции и модификации) и процеси (на производство како и секојдневието на различни актери).

Овие теми/слоеви се “читаа“ преку четири специфични територии поставени како главни линии на раст на градот, предодредени  заради топографските карактеристики и моќни регионални инфраструкути кон кои се стремат а кои во современиот контекст добиваат нов спонтан развој преку очекувани и неочекувани процеси.  Оваа состојба не ја критикуваме туку ја прифаќаме како нова структура/потег што има потенцијал да прави релација со контекстот и неговите специфики а во исто време и активен материјал за моделирање на комплексноста во можни иднини.

Овие заклучоци претставени во форма на алтернативно картографирање немаа намера да создадат мапи, или да ги користи како позадина за цртање туку настојуваа да направи релација помеѓу идеата и тлото, и каква разлика таа идеа може да направи во однос на комплексноста на територијата.  Оттаму и името, мапата  поинтересна од територијата, извадок од романот на Мишел Хуелбек “МАПАТА И ТЕРИТОРИЈАТА“.

Во контекст на темата ТЕРИТОРИЈА КАКО АРХИТЕКТУРА и изложбата МАПАТА Е ПОИНТЕРЕСНА ОД ТЕРИТОРИЈАТА прикажуваме два проекти кои беа клучни за истражување на оваа релација:

Quinta da Malagueira (1973-1977)

Населбата Малагуера од Алваро Сиза е дел од план за раст на градот Евора во 1975 година. Областа има 27 хектари на која треба да се изградат 1200 единици за домување. Сиза употребува само две типологии кои се во релација со постојни впишани карактеристики на територијата и на тој начин создава разноликост на планот. Ова совпаѓање на архитектонските елементи и територијалните наслојувања е резултат на рационална формула:

  1. Намената на земјиштето + сопствеништвото како основа за структурата
  2. Прилагодување на топографските услови
  3. Зачувување и обединување на бројни територијални карактеристики
  • две нелегално изградени населби
  • случајни белези
  • новите патишта пратат постојни рути
  • мрежа од канали за наводнување

Lettre à Freddy Buache (1982)

Краток документарен филма на Жан Лук Годар кој е снимен по покана на градот Лозана по повод прославата на 500 годишнината. Жан Лук Годар ја извртува востановената пракса за туристичко прикажување на спектаклот на градот и наместо тоа ја редуцира неговата појава на три слоеви прикажани преку три бои: сина за езерото, зелена зa вегетацијата и сива за се помеѓу. На тој начин тој ја нагласува конфликтноста помеѓу природните и човековите потези. Во таков кадар, архитектурата и инфраструктурата неможат да се разликуваат, како континуирана безбојна структура на нашето секојдневие.

педагошки тим: Mаксим Наумовски, Павел Вељаноски, Иван Мирковски, Нина Карангелеска, Симона Гареска

едитори и куратори на изложбата: Максим Наумовски, Павел Вељаноски, Симона Гареска

студенти: Миа Кузманоска, Емилија Цветкова, Мартела Златку, Александар Блажевски, Ања Павлова, Срна Давитковска, Влатко Божинов, Кире Ташев, Боркица Калапоцева, Јована Георгиевска, Олга Маркарјан.

Автор на статија: