Фабриката за минерална вода „MAYA“ добитник на Аrchitizer A+

Година: 2017

Автори: Александар Карангелов

Фотографии: ?

Извори: Аrchitizer

Локација: село Гари

На овогодинешното доделување на наградите во областа на архитектурата Аrchitizer A+ Awards, фабриката за вода „Maya“ дело на архитект Александар Карангелов, се закити со награда во областа на индустриските објекти и складишта ( people’s choice).

За учество во некоја од многуте категории, беа пријавени проекти од повеќе од 100 земји од светот, додека вкупно гласале повеќе од 400.000 луѓе. Бројот на категории е толку голем, што вкупно се доделени 196 награди.

Фабриката МАYА, за производство на флаширана вода, се наоѓа во атарот на селото Гари ( Дебарско) на локација  целосно изолирана во планинскиот предел. Објектот е составен од  два продорни кубуси, допирајќи се еден со друг (првиот е производствен погон, додека вториот е административен оддел и сместувачки капацитет). Неколку отворени или полуотворени простори низ објектот служат за релаксирање на  вработените  и паузи. Самата фабрика зафаќа површина околу 5000 м2, додека вториот блок 1200 м2.

Влезниот хол се пробива со својот волумен насекаде и се шири низ сите катови, менувајќи ја насоката, но следејќи ги главните хоризонтални и вертикални врски создавајќи еден флуиден  простор. Од влезот просторот продира низ големите стаклени ѕидни завеси, а истото се случува и со производната сала. Овие два простори се поврзуваат преку идентичната  енергија и  заедничкиот дух на локацијата, раскажувајќи ја главната идеја за поврзување на внатрешното и надворешното, обидувајќи се да создаде  единство на просторот без граници. 

Главен адут на објектот е складноста со природата,  презентирајќи слободен код на однесување во текот на работното време, ќе истакне меѓудругото авторот во образложението за Аrchitizer