Мимоза Томиќ Несторова / 1929

Фотографии: Јурмовски, Чамилов, Wikimapia, издание „Пелагонија“

Извори: 25 години награда за животно дело „Андреја Дамјанов“

Мимоза Томиќ Несторова е родена во Струга на 21.06.1929 година. Дипломирала на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград во 1953 година. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура на Техничкиот факултет во Скопје. Во наредната 1954 година била избрана за асистент на предметот Проектирање на станбени згради на Архитектонскиот отсек при истиот факултет.

@Борис Јурмовски

Во 1965 година преминала во Заводот за урбанизам и архитектура на Скопје како самостоен проектант. Тука како директор на Заводот од 1986 година ја завршила својата активна кариера во 1989 година.

Позначајни реализирани дела:

– 1960  Станбен блок ( П+3) на ул. „Алберт Ајншајн“ бр. 1, во Скопје ( со арх. Љ.Томиќ);

-1965 Урбанистички план на старата чаршија во Скопје ( со тим );

@Antidiskriminator

-1968 – Реконструкција на историскиот објект Сули Ан

@Румен Чамилов

-1972-76 Музеите на Македонија во Скопје ( со арх. К.Муратовски);

-1973 Стоковна куќа „Скопјанка“( Беко)  на ул. „Даме Груев“ во Скопје;

@издание „ПЕЛАГОНИЈА“ ( Дрнков, Георгиевски, Стојковски)

– 1974 Угостителскиот објект „Менада“ во старата скопска чаршија во Скопје;

– 1983 Урбанистичко-архитектонскиот комплекс „Градска порта“ во Скопје ( со тим);

-1983 Пензионерски дом во Струга

 

Позначајни награди и признанија:

1977  – 13 Ноември, награда на град Скопје за објектот ” Музеј на Македонија“

2011 – добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“