Најава за изложба – „СКОПСКИТЕ ВЕРТИКАЛИ “

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на отворањето на изложбата:

СКОПСКИТЕ ВЕРТИКАЛИ

понеделник, 7 мај, 20 часот | Музеј на град Скопје

Покрај професионалната љубопитност, основен мотив кој стои во позадина на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ е токму тој, да придонесе за повторната видливост на еден од забора­вените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина. Во основа на истражувањето (проследено со оваа публи­кација и изложба) е исто така желбата за подетално проучу­вање на скопските високо­катници, кули…, производ на еден од доми­нант­ните модели на урбаниза­ција и развој на европските градови во втората половина на 20-от век.

Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои при­паѓаат на периодот од 1950 год. сè до доцни­те 80-ти години од минатиот век, кој исто­вр­емено е и најдинамичен период од исто­ри­јата на развојот на Скопје. Потпирајќи се на доволната историска дистанца која доз­волува објективно согледу­вање на заемното влијание на општествено-политичките процеси, глобал­ните архитек­тонски движе­ња, технолошкиот напредок… врз развојот на урбаната форма, целта на трудот е поде­тал­но проучување на архитек­турата на вертикалниот град, условите во кои таа настанала, главните одлики кои ја одре­ду­ваат, квалитетите и вредностите кои ги поседува.

Јован Ивановски | Ана Ивановска Дескова | Владимир Десков

Настан >>>