Народна и универзитетска библиотека / Муличковски

Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Година: 1971

Автор: Петар Муличковски

Извор: „Креативниот дух на македонската куќа “

Современ и спeцифично дизајниран објект во кој се мултуплицирани внатрешните дворови со зеленило и галерии – „чардаци“ на катовите. Објектот се одликува со богатата внатрешно пространа расчленетост. Како по хорионтала, така и по вертикала. Со поместени скали со повеќе нивои. Идејата се надоврзува како континуитет од наследството во духот на културата на просторот евидентен во концептот на древната традиционална „Македонска куќа“, со потврдени универзални трајни вредности.

Чисто и јасно искажан е конструктивниот градежен систем, на столбови, греди и ѕидови од црвена цигла со дрвени обесени таваници(спуштени) кои се гледаат како од надвор така и од внатре.

Со изразено забележителен и потенциран специфичен декоративен внатрешен и надворешен дизајн инспириран од средновековната градежна ѕидана техника овде аплицирана и прикажана како препознатлив македонски семантички знак.

Објектот се одликува со надворешни пространи галерии – чардаци према јужната страна на објектот со кои се штитат читалните од јужното сонце и од надворешната бучавост. На фасадата е применета декоративна апликација од средновековната градежна ѕидна пластика.

Внатрешноста на библиотеката се одликува со просторна расчленетост на воздушниот волумен кој континуирано се „преточува“ во повеќе етажи. Решението претставува „вистинска ризница“ на креативниот дух на Македонската куќа со внатрешни – дворови (пација со зеленило), со просторни галерии – чардаци предвидени во секој етаж.

Внатрешниот простор преку наизменични едно рамни скали архитектонски се доживува како – бескрајно отворен почнувајќи од ниското приземје преку катот па се до последните простории на специјализираните читални и оние поединечни, предвидени во боксови.

Објектот според човечките мерки е складен со пропорциите на „Златниот пресек“

Основата на објектот е составена од повеќе квадратни мултиплицирани – затворени дворови со надсветло со приземје и галерија – внатрешни чардаци со поместени скали слично и аналогно на древната македонска куќа на македонските владетели од античкиот период.