Отворен пазар во Ресен / Џидрова

February 19, 2018

Година: 2018

Семестар: VII

Проектна задача: Нов отворен пазар

Автори: Марија Џидрова

Педагошки тим: Вон. проф. Михајло Зиноски / м-р. Маја Даскаловска

Локација: Ресен, Р. Македонија

СТУДИО 7/2

Пазарот како централен јавен простор, место за продажба на добра и место за разни социјални и културни собири, чија поставеност и форма е одговор на постоечката патека и интензитет на движење, во овој проект останува полуотворен и покриен со склоплива лесна шаторска конструкција.

Основи

Кружницата, спиралата и зраците, како симболи за централно собирање, единство и насока на движење, се применети во оформувањето на распоредот на тезгите (лесно мобилни).

Намената и распоредот на намирници се задоволува радијално распоредувајќи ги зеленчукот и овошјето, а секторски распоредувајќи ја текстилната и преостаната роба. Во склоп на новиот пазар, се вклучени старите лушпи на локацијата со нивна пренамена во полузатворена единица за месни и млечни производи и затворена единица мал маркет. Заради ваквата форма и распореденост на новиот пазар, движењето е ослободено од препреки и може да се одвива линиски, радијално и криволиниски.

Покривната конструкција која наликува на чадор, се регулира со систем на столбови, сајли и платна кои се спуштаат и креваат со помош на синхронизирани мотори, зависно од временските услови и програмски потреби.

Пресек

Урбаната опрема е минимална, со цел максимално разновидна употребливост на просторот. Единствено е вклучена интервенција на подот, нагласување со текстура и бои, како сеќавање на ресенската керамичка колонија. Контрасно едни на други, подот и покривката формираат пријатен и разновиден простор кој на ресенските жители им недостасува.

Изглед

Модел

Ф.К

 

 

Автор на статија:

| / / |