Урбанизмот на Дебар маало

Извор: галерија Акантус

Изложбата „Урбанизмот на Дебар маало“ го претставува развојот на урбанизмот во Дебар маало од неговото проектирање во првата половина на 20тиот век до денес.

Оваа иницијатива претставува синтеза која се базира на колективната социјална свест согледувајќи го самото потекло, генеза и потенцијали на архитектонскиот простор на Дебар маало.Појдовната точка е мапирање на Дебар маало, бележење на промените на границите низ годините, неговите предности и недостатоци, препознавање и употреба на потенцијалот на местото во идниот развој на населбата. Преку овие релации се согледува менталниот склоп и социјалната структура на одредена култура, а архитектонската и урбана организација на просторот е експресија преку која се согледуваат низа трансформации како резултат на различните социјални навики и човекови потреби.

Проектот е релаизиран со поддршка на Град Скопје