Сквер и детски рекреативни содржини меѓу Нерези и Тафталиџе 2

Година: 2018

Автори: /

Извори: општина Карпош

Локација: Нерези и Тафталиџе 2

Вчера, во попладневните часови, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев заедно со стручните соработници и членови на Советот на Општина Карпош, го презентираше проектот на јавна презентација (отворена средба) пред граѓаните од овој дел на Карпош.

„На овој начин дополнително ќе се оплемени просторот. Постоечкото зеленило ќе се зголеми со нови садници, а ќе биде поставена и урбана опрема, клупи, лед светилки, корпи за отпадоци и лулашки за најмладите.“

Градоначалникот меѓудругото изјави дека уредувањето на зелените површини, како ова паркче, ќе стане пракса помеѓу постоечките објекти, намество вцртување нови површини за градба.