Leave a comment...

„Perspective“ – изложба на фотографии / Верица Славковска

Овој викенд, во петок 16.12 со почеток од 20.30 часот, ќе биде поставена самостојна изложба на Верица Славковска во Социјален Центар – Дуња .

“Името се вика перспектива бидејки изложбата ја прикажува мојата перспективна замисла и како јас ги доживувам лично тие објекти или места преставени со фотографии. Преку тие фотографии ја доловувам на публиката својата визија за тоа како едно архитектонско дело или урбана локација може да биде видена од различен агол и до кое ниво човечката перцепција може да оди.”

ver2
“Една фотографија во црно-бела техника  може да има многу комбинации од различен процент на контрасти и сенки, и од понудените фотографии решив да направам паралелен спој… од една страна ќе бидат категоризирани фотографии исклучиво од областа на архитектурата, а од друга фотографии кои се нивната спротивност, визури од секојдневниот живот.”

Иако изложбата е од продажен карактер, останатите фотографии ке бидат донирани во Социјалниот Центар каде што ке биде изложбата.

настан>>>

Share This:

Коментарите се затворени.