На 10 февруари, 2018та година, Министерството за култура на Република Македонија, јавно ги презентира резултатите за годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година. Покрај многуте незадоволни страни од истите, се најдовме и ние како МАРХ Македонска архитектура, за што искрено жалиме за непрепознавањето на нашата општокорисна мисија.

Бидејќи не се согласуваме со ваквото игнорирање на успехот кој заеднички го креиравме изминативе 3 години, МАРХ Македонска архитектура, ќе упати приговор до министерството, со кој ќе бараме повторно разгледување на апликацијата и преиспитување на одлуката. Со цел да ја зголемиме можноста од успех на оваа жалба, ќе ни биде потребна и вашата помош како поддржувачи на нашата мисија.

Затоа Ве замолуваме, сите оние кои сметате дека постоењето на оваа страна треба да продолжи и понатаму, да ни искажете вистинска поддршка со потпишувањето на нашата со полно име и презиме online петиција >>>