Полската амбасада ја додели наградата „TIGRITE / TYGRYSY “

June 13, 2018

Извори: Полска амбасада во Р.Македонија

Полската амбасада во Р. Македонија ја додели наградата „TIGRITE / TYGRYSY“ за 2018,  на г-ѓа Ружица Минова, која дипломира на Архитектонскиот факултет Скопје / УКИМ. Доделувањето се случи во склоп на отворањето на изложбата: “Вечноста и моментот 1918-1939 година – Архитектурата како алатка во изградбата на полскиот национален идентитет” во Музејот на град Скопје.

Мотото на наградата  за архитектура „TIGRITE / TYGRYSY“ гласи: “За едноставноста и логиката на концептот, дисциплината на композицијата, нејзината интеграција со околината, нејзината социјална корисност и скромност, во никој случај не треба да биде лишенa од емоционална трага “- Jerzy Mokrzyński, еден од Тигрите, за вредностите на добрата архитектура.

„TIGRITE / TYGRYSY“ се доделува на авторот на најдобриот  магистерскиот труд при Архитектонскиот факултет -Скопје / УКИМ, а го доделува редакцијата на полскиот месечник Architektura Murator во чест  на тројцата полски архитекти: Wacław Kłyszewski, Jerzy Mokrzyński и Eugeniusz Wierzbicki, познати како “Tygrysy / Tigrite / Tigers” – автори на зградата на Музејот на модерната уметност – Скопје (1966).


Centrum Architektury & Narodowy Instytut Architektury i Urbanistyki.

>>>

 

 

Автор на статија:

| / / / / |