ИСТРАЖУВАЊЕ: УЛОГАТА НА ПОЛСКИТЕ УРБАНИСТИ ПРИ ОБНОВА НА ПОСТЗЕМЈОТРЕСНО СКОПЈЕ

October 26, 2018

Во прилог Ви доставуваме фрагмент од истражувањето на архитект Павел Вељаноски, посветено на урбанистичкиот проект за обнова на град Скопје веднаш после катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Истото се одвива во рамки на стипендијата „Thesaurus Poloniae” која ја доделува Интернационалниот Културен Центар (http://mck.krakow.pl) од Краков, финансирана од Министерството за Култура на Република Полска.

Географска положба

Во својот тримесечен престој во Краков кој сеуште е во тек, истражувањето на Вељаноски се фокусира на Полската група планери, дел од градскиот совет за планирање на Варшава, испратени во Скопје како експертска помош од Полската држава и директно посредувани од институцијата „Полсервис”, која била една од тн. “Централни агенции за надворешна трговија”, односно компании кои во име на Репиблика Полска управувале со сите надворешни трговски договори во времето на социјализмот.

Поглед -над браната Матка кон скопската котлина

Планерската група од Варшава е предводена од урбанистот Станислав Јанковски, кој своето најголемо искуство го стекнува како дел од групата планери кои земале активно учество за време на обновата на Варшава во 50тите години. Нивната успешна соработка со домашната група планери од институцијата „Завод за Урбанизам и Архитектура на град Скопје”, допринела да се изработат три клучни фази од целокупниот проект на урбаната студија за обнова и понатамошен развој на град Скопје, а тоа се: Студија на социјален преглед, Регионалниот план, како и Основниот урбанистички план на град Скопје.

Поглед -над скопската чаршија кон плоштад Македонија ( север -југ)

Нивната инволвираност продолжува понатаму, со учеството на сообраќајниот инжињер Станислав Фурман во Меѓународниот оценувачки одбор, одговорен за подготовка на елаборатот и избор на победничко решение за интернационалниот конкурс за централното градско подрачје на град Скопје.

 

Целокупниот проект со сите негови истражувачки фази и интернационална група на актери кои истите ги изработуваат, од самиот почеток е раководен од полскиот урбанист Адолф Циборовски, чие професионално делување во Скопје се врзува со позицијата проект менаџер, на која е назначен со самото оформување на специјалниот фонд за обнова на градот Скопје во рамки на Програмата за техничка помош на Обединети Нации.

 

Во прилог на оваа фаза од истражувањето Ви доставуваме низа на слободорачни цртежи чија појава се во функција на директно отсликување на идеите на планот. Автор на овие цртежи е полскиот архитект – планер Казимир Марчевски (Kazimierz Marczewski).

Парк покрај Римскиот аквадук

 

 Поглед -Скопје-север со регионалниот  центар

Поглед – Аеродром со регионалниот центар

Рекреациски центар Чардак

 

Цртежите се превземени:

  • REPORT ON MASTER PLAN – Report prepared for the United Nations as executing agency for the United Nations special fund; Volume 5; Institute of town planning and architecture – Skopje and PHZ Polservice – Consultants – Warsaw.
  • Miasto no.4; Society of Polish Urbanists; 1967

 

Автор на статија:

| / / / / / / |