Предавање на Graber & Steiger Architects / About Books, Roads and Structures

October 24, 2018

Фотографии: Васе Аманито

Во организација на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје минатата недела (18.10.2018) во кино Фросина беше одржано предавање на Graber & Steiger Architects под името „About Books, Roads and Structures“. Публиката ја имаше честа да ужива во презентацијата на дел од нивните архитектонски проекти и идеи.

@Васе Аманито

Niklaus Graber и Christoph Steiger ја основаа својата архитектонска практика во Луцерн, Швајцарија во 1995 година. Од тогаш па се до денес тие активно дејствуваат на меѓународно ниво и нивната работа е наградувана на разни натпревари. Нивната работа вклучува јавни и институционални згради, како и приватни резиденции.

 

Graber & Steiger учествуваа на 7-тo Меѓународнo биенале за архитектура, Сао Паоло во 2007 година. Од 2008 до 2015 година Niklaus и Christoph држеа настава на BA и MА курсевите по архитектура на Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн. Од 2016 година тие се во посета на професори/академици на Бенгалскиот институт за архитектура, пејзажи и населби во Дака, Бангладеш. Тие учествуваат со редовни предавања и во ETH Цирих, EPF Лозана, ZHAW Винтертур и FHNW Базел.

Во прилог погледнете ја атмосферата од предавањето >>>

Автор на статија:

| / / / / |