Промоција на книгата „Градови за луѓе“ од Проф. Јан Гел (Jan Gehl)

„Почитувани членови на Комората,

Ве покануваме на Промоција на книгата Градови за луѓе од Проф. Јан Гел (Jan Gehl) од Данска, и работилница насловена Скопје-Град за луѓе.

Книгата насловена Градови за луѓе, од Проф. Јан Гел од Данска се смета за една од најмаркантните светски дела од областа на урбанизмот, и е преведена на 35 јазици. Оваа година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија ја преведе и издаде книгата и на македонски јазик.

По тој повод, Комората, на 5 септември организира промоција на македонскиот превод на книгата Градови за луѓе, a како дополнителен настан ќе се одржи работилница насловена Скопје-Град за луѓе.  

Професор Јан Гел е доајен на проектирањето на јавни простори и незаменлив филозоф кој се бави со градовите, а неговите домети се навистина глобални. Во своето 6 децениско творење, Јан Гел освен што e автор на бројни дела од областа на урбанизмот, предавал на Данската кралска академија и активно работел на урбанистичкото усовршување на Копенхаген, Ротердам, Стокхолм, Лондон, Мелбурн, Сиднеј, Сан Франциско, Сиетл, Њујорк, Москва итн.

Агендата за настанот можете да ја преземете ТУКА.

 

Информации за настанот: 

Дата и час: 5 септември (среда), во 10.45 часот
Место на настанот: Хотел Александар Палас, Конгресна сала 3
Број на слободни места: 150
Краен рок за пријавување: 30 август 2018 год. до 12 часот

ВАЖНО: Ве покануваме да земете учество на овој целодневен настан, преку пријавување на следниот линк >“