Надградувајќи го Разловци – Летна школа за архитектура / Ф. Ајруш и У. Николоски

July 6, 2018

Година: 2018

Семестар: VIII

Проектна задача: Истражувачка лабораторија за архитектура / Летна школа за архитектура

Предмет: Архитектонско студио 8.1

Автори: Филис Ајруш и Урош Николоски

Педагошки тим: Проф. д-р Минас Бакалчев, проф. д-р Саша Тасиќ, сор. Александар Петановски, сор. Гордан Петров и сор. Викторија Богданова

Локација: с. Разловци, општина Делчево

Задачата на студиото е да се надгради с.Разловци, поставувајќи интервенција во рамките на селото без да се наруши карактерот на селото. Намената на објектот е да служи како истражувачка лабораторија за архитектура, а истовремено и како летна школа за архитектура во сите периоди од годината.

Сл.1 – Ситуација

Поставувајќи ја интервенцијата долж самата река, притоа не нарушувајќи го контекстот на селската архитектура и изградената целина на селото. Објектот е целосно во склад со намената на површината (ниви и обработлива земја) каде што е изграден, па така приземјето останува проодно, изградено со камени ѕидови на растер од 5м, меѓу кои се создава утилитарен простор за потребите на самите земјоделци.

Сл.2 – Основа на приземје


Сл.3 – Основа на кат

Со тоа приземјето останува минимално изградено, целиот објект се развива на кат и се протега преку целата должина на потегот. Изграденоста на катот е составена од 3 волумени за сместување на студенти, гости, професори и персонал, 1 волумен за заедничка работа и предавања и 5 поединечни волумени кои имаат двојна намена – за сместување и за индивидуална работа.

Сл. 4 – Основи на приземје и кат

Сл.5 – Пресек 1-1

Покрај овие волумени, останатиот дел од катот е целосно отворено шеталиште кое овозможува панорама кон селото со непречени визури кон едната и другата страна на реката со која дополнително се поврзува преку мостови.

Сл. 6 – Аксонометрија


Сл. 7 – Аксонометрија

Елементите кои ја составуваат целата композиција целосно кореспондираат со составните елементи на селската куќа, со тоа што приземјето е од кршени камења, додека катот е изведен со дрвена конструкција која се покрива со едноставен двоводен кров. Преку поставениот модул од 5м, индиректно се имитира распонот на малите објекти во селото. Во насока на превземање на мотиви и белези од локалната традиција е и обликувањето на оградата долж целиот потег. Во зависност од временските услови објектот може целосно да се отвори/затвори со помош на странични дрвени капаци.

Од студентот

Сл. 8 – Визуелизација

Сл. 9 – Макета

Автор на статија:

| / / / / |