• February 1, 2016
  • marh

“Reclaiming The City” – проекција на видео и изложба на фотографии

Место: Гаражите под Cafe “Pablo”

Време: 21:00 ч.   / Понеделник  01.02.2016

Извор: facebook event

Автор на проектот: Илија Стефановски

Вечерва се случува настан поврзан со доживувањата на градот низ призмата на архитектот Илија Стефановски. Како што вели самиот,   скејтбордингот му е првата љубов ( архитектурата доаѓа подоцна во неговиот живот ). Меѓутоа сплетот на интересите,  делувањето низ  градот и неговата партерна архитектура, предизвикува интерес за поинаков поглед и употреба на јавниот простор. Тоа доживување, Илија, го документира преку видео запис и фотографии кои го покажуваат урбаниот потенцијал на постземјотресно Скопје, кое го губиме од ден на ден се повеќе. Официјалната покана за настанот ја пренесуваме во целост:

 „Скејтбордингот претставува вистинска форма на урбан производ, кој овозможува слобода на движење и се карактеризира со постојана потрага по нови “skateable” терени и простори. Проекцијата на краткиот филм со наслов “Reclaiming The City”, кое го отсликува градот како простор за изнаоѓање нови можности за претставување и искусување на архитектурата или барем она што остана од неа:), ке биде презентирано во 22:00 часот.
 8c.m

По проекцијата ке имате можност да се забавувате со музиката на Martchin i b.ATL и да погледнете дел од фотографиите направени за време на снимањето на видеото.

Исто така ке имате можност да донирате за опремување на нов затворен простор за скејт, а за возврат да си понесете некоја од фотографиите или беџовите кои ке бидат изложени.“

1896788_10208269834560586_3254407708910174514_n

Во една прилика, авторот го појаснува критичкиот став за односот меѓу скејтбордингот како култура и архитектурата како просторна интервенција:

„Скејтбордингот не е само критика на производите на архитектурата туку и критика на улогата на архитектот. Тој ја претставува/опишува потребата архитектурата да ги земе в предвид општествените вредности, да биде продуктивна во однос на нештата и да поттикнува активности што не се експлицитно во насока на обезбедување удобност/комодитет.

Скејтерот ја подрива подредената и комерцијална атмосфера на градот. За да има полза од архитектурата, скејтбордингот бара од архитектот да ја преиспита конвенционалната поставеност на подови, ѕидови и скалила во градот т.е повторно да ја процени важноста на просторното искуство.

BS Flip catch

Архитектурата вообичаено се критикува во писмена форма. Меѓутоа скејтбордингот е исто така форма на критика кон архитектурата комплетно различна од пишуваните критики, цртањето и теоретизирањето. Централната критика на градот лежи во партиципативното движење на телото на скејтерот низ урбаниот простор, на тој начин преку искуството издигнувајќи ја критиката над царството на пишуваниот збор.“

Ваквиот став и вклученост во контрадикторноста на градот и „скејтерското делување“ низ истиот е одличен мотив да се присуствува на настанот, проследи филмот и изложбата,  кои истовремено претставуваат  документација и архивирање на едно урбано Скопје, .

12631404_10208269832120525_5622634585428198836_n

За крај авторот на настанот, повикува на освестување за локалната сцена и вистинска подршка:

SUPPORT YOUR LOCAL SCENE!!! 

Материјалот го приложиja и обработија : Мартин Ефремовски и Филип Конески