„Освежена“ католичката катедрала во Скопје?!

Фотографии: Марија Петровска

Деновиве сме сведоци на уште еден непромислен чекор со градителското наследство – рефасадирањето и промената на бојата на католичката катедрала во Скопје. Зошто е превземен ваков чекор и објектот е третиран како индивидуална куќа е прашање на „вкус“ или на несоодветно третирање на објект од општествено значење?!

„Свето срце исусово“ е проектирана во 1973 година, инаку дело на архитектите Благоја Мицевски и Славко Ѓуриќ .