Регистратура / Неделковски

November 26, 2018

Полн наслов: „Регистратура: Актуелни состојби – инакви значења“

Автор: Станимир Неделковски

Насловно фото: Снежана Алексовска

Фотографии (објава): Филип Конески

Место на изложување: Музеј на град Скопје / 12 Ноември 2018 – отворање

 

Во музејот на град Скопје, поставена е изложба на фотографии насловена како „Регистратура: Актуелни состојби – инакви значења“, дело на Станимир Неделковски.

Фотографиите за  тема ја имаат состојбата на јавните споменици и спомен обележја кои обележуваат настани, личности и места поврзани со НОБ и работничкото движење во Скопје, подигнати во периодот 1945 – 1990. Намерата е критички да се разгледа состојбата на овие споменици и да се презентира возбудлив фотографски есеј за нив.

 

Состојбата на спомениците во Скопје од овој период е скоро еднаква и со архитектонското наследство на градот. Време е да размислиме за вредностите во Скопје, крај кои секојдневно минуваме и третманот кој го заслужуваат.

 

Топло препорачуваме да ја посетите изложбата која сеуште е во тек.

 

 

Автор на статија:

| / / / / / / |