Реупотреба со пренамена на фабриката „Купром”, 2018 / Димитрова

September 5, 2018

Година: 2018

Тема: Контекстуално читање на индустриско наследство

Наслов: Реупотреба со пренамена на фабриката “Купром”, со нови програмски и јавни содржини

Предмет: Магистерски труд / АФС

Автори: Ангела Димитрова

Ментор: Доц. д-р Александар Радевски

Локација: Фабрика „Купром”, Скопје

Фабриката „Купром“ е индустриски комплекс наменет за обработка на хромова руда, кој е изграден уште од 1940-те за време на Втората светска војна. Тој со децении е двигател на развој во својот регион што резултира во креирање на неколку околни населби како Хром и Влае.  Денес напуштената фабрика е уште еден пример од индустриското наследство во Скопје, чиј неискористен потенцијал го поттикнува овој магистерски труд кој ја отвара темата на реупотреба на историскиот објект. Во следната објава погледнете како преку урбанистички и архитектонски зафати, студентот го трансформира овој запуштен простор во активен јавен комплекс.

Сл, 1. Анализи на локацијата

При подготвување на анализите мапирани се  напуштени индустрии во градот Скопје, чии причини за напуштање  се бараат во процесот на трансформација на едно општество, промена на социо-економскиот и политичкиот контекст, еволуцијата на технологии и не конкурентост на пазарот.

Сл, 2. Фотографии од постојната состојба

Фабриката „Купрoм” е сместена во западниот дел од градот Скопје каде се протега населбата Хром. Историски гледано овој простор претставувал периферна населба каде била развиена агрикултурата, потоа индустриска зона, а денес со проширување на градот оваа населба е високо урбанизирана и добро поврзана со центарот на градот.

Индустрискиот комплекс се дефинира како делумен блок кој од својата североисточна страна се граничи со улицата “Војвова Васил Чакаларов”, улицата “Веле Марков” на северо-западната страна,  реката Вардар – на југо-источната страна и капацитетите на нејзиниот “близнак”, фабриката Велурфлок на југо-западната страна.

 

Сл, 3. Анализи на развој на локација

Се зачувуваат оние објекти кои во минатото служеле конкретно за самиот производствен процес, а тоа се производната хала 1, објектот на котларата и чуварницата. Со нивната просторна дефиниција и архитектонски елементи, претставуваат редок пример на индустриски објекти кои се изградени во периодот на четириесетите години од минатиот век.

Во следниот чекор се дефинираат правците и зоните каде би се појавиле новите структури. По изборот на новата намена, како соодветен капацитет кој би можел да прими  дел од новата програма беа препознаени волумените на некогашната производствена хала 2. Поради лошата состојба во која се наоѓа, но и поради тоа што не се одликуваат со посебен архитектонски израз, беше одлучено да се отстрани, при што повторно би се изградил истиот габарит, но со делумни промени во изгледот и конструкцијата кој би одоговрил посоодветно на потребите на планираната програма. Ново проектираниот објект е волуменска рефлексија и содржинско надополнување на производствената хала која се задржува и тие се поврзуваат со топла врска, мост.

Сл, 4. Новопроектирана ситуација со петта фасада

Бидејки главната цел на проектот е активирањето на неактивнате празнина, се отстранува оградувањето околу објектите за да се овозможи пешачки пристап од сите три страни, освен од едната каде локацијата граничи со капацитетите на фабриката “Велурфлок”  кон која е поставена ограда-ѕид.

На горната кота на улицата Васил Чакаларов , се надополнува уличниот фронт, со проширување на пешачката патека , и се формира платформа за движење и видиковец кој ке биде отворен кон локацијата на комплексот. Се вметнуваат комуникации кој ке овозможат директен пристап кон локацијата и се доловува нејзината отвореност, додека под структурата се вметнуваат комерцијални содржини.

Сл, 5. Основа на отворено приземје и пресек

Со промена на намената на производната хала 1 во технолошки центар за иновација и бизнис инкубатор за старт ап компании – односно во јавен објект за голем број корисници, клучен аспект при проектирањето беше движењето на корисниците. Покрај главното движење, предвидени се и надворешни помошни скалишни јадра кои ја тангираат фасадата, и би служеле за брзо празнење на објектот од посетители. Во останатиот дел, скоро и да нема други промени, освен неколку вертикални бариери (ѕидови, мебел, дрвени панели) кои ќе го поделат просторот на различни содржини. Тие се флексибилни и овозможуваат лесна модификација на просторот според моменталната потреба.

Сл, 6. Основа на прв кат

Сл, 7. Основа на втор кат

Сл, 8. Пресеци

Сл, 9. Горе, северен изглед / доле, јужен изглед 

Сл, 10. Пресек-изглед низ производствената хала

Повеќе наменскиот центар од областа на технологијата и културата може да се дефинира како област на создавање, креирање и забава, препознатливо место кое е уникатно по карактер, а истовремено претставува и еден вид на заедница, има значително економско влијание, атрактивно и актуелно за локалните жители па и туристи, со ваков тип на пренамена, во ова подрачје се подобруца животот на жителите, како од културолошка така и од социолошки аспект, а истовремено претставува нова фокусна точка на градот.

Oд студентот

Сл, 11. Визуализација на аудиториумот на отворено

Сл, 12. Визуализација на експо центарот

Сл, 13. Визуализација на производствената хала

Сл, 14. Визуализација на партер

Сл, 15. Аксонометриски приказ

Автор на статија:

| / / / / |