Селската архитектура во Малешево XIX и почетокот на XX век / Намичев

Издавач: Музеј на Македонија

Главен и одговорен уредник: Д-р. Елеонора Петрова

Автор на текст, цртежи и фотографии: М-р Петар Намичев

Година на издавање: 1998

„Селската архитектура во Малешево XIX и почетокот на XX век“ претставува архивска документација за руралната архитектура во источна Македонија, добиена од истражувањата спроведени од страна на Музејот на Македонија.

Тогашниот директорот на музејот, д-р Елеонора Петрова, во воведот ќе истакне:

„Етнологијата како наука и етнолошките истражувања од сите сфери на традиционалното живеење заземаат се поголем простор во истражувањата на Музејот на Македонија. Пред безмилосниот фактор, време, кој полека но сигурно ги откраднува последните податоци за македонскиот бит и култура, се обидуваме да ги сочуваме за идните генерации етнолошките податоци и артефакти на XIX и XX век.“

„Истражувањата на Музејот на Македонија на профаното градителско творештво во поголем обем го опфаќа делот на руралната архитектура, односно развојот на куќата, објектите од селско стопанскиот двор, неимарско творештво и населбите.“ 

Перспективен изглед на фурна и амбар, с. Умлена

Во ова, како и останатите изданија во кои како автор се појавува Намичев, можеме да забележиме архивирање преку технички цртежи, детали, фотографија и перспективи, пропратени со соодветно текстуално образложение и податоци за контекстот на архитектурата. Четиво кое е од исклучително значење за љубителите на македонската традиционална архитектура, сублимирано и лесно читливо.

1. Клет  2.Трем  3.Штала  4. Одаја  5. „Куќа“  6.Чардак  7.Амбар

 

Ова издание полни точно 20 години, какви се активностите од тогаш наваму во полето на интерес од страна на Музејот не сме запознаени.

Македонското градителско наследство од XIX и почетокот на XX век, во последните децении значително е исчезнато, додека државата нема стратегија како да го превенира, вклучи во проекти и стави во функција. Неговиот потенцијал не значи само заштита на фасада и музејски експонат, истото има употребна и функционална вредност која може да го врати животот во руралните средини и особено подигне туристичкиот потенцијал (често злоупотребен термин за манипулирање со јавноста ).