Реконструкција на скали во Жданец/ Василевски

January 29, 2018

Автор: Игор Василевски

Година: 2017

Локација: Жданец, Скопје

Основниот проект за реконструкција на скалите во Жданец е лично авторско дело и претставува естетски и архитектонски одговор на барањата на жителите на Општина Карпош. Станува збор за еден дел во населбата Жданец кој со децении е запуштен а со тоа и деградиран во неговата основна функција.

По извршениот увид и анализи авторот констатирал дека е неопходна суштинска реконструкција но и збогатување и разубавување на содржините во овој дел од Жданец. Заради тоа во проектот се проектирани комплетно нови скалила изведени од антиклизен и пескарен гранит, комплетно нова заштитна ограда, ново електрично осветлување изведено со штедливи ЛЕД светилки како и 18 нови жардиниери поставени во седум различни вертикални позиции со 4000 цветни садници. Тука секако треба да наброиме  и поставување на комплетно нова урбана опрема изведена во модерни материјали и современ изглед како и поставување на нова инфо табла.

Реконструкцијата се однесува на површина од 2000м2 односно целата скалишна површина дополнета со жардиниерите како нов хортикултурен и естетски елемент во аранжманот на овој дел од Жданец.

Игор Василевски е добитник на низа награди  и конкурси и автор на сите архитектонски и креативни проекти работени во Општина Карпош во изминативе пет години од кои најзначајни се:

Плоштад Млечен Ресторан

Плоштад Делфина Влае

Плоштад Педагошка Академија

Плоштад Карпош 3

Плоштад Бардовци

Реконструкција на сите основни училишта во Општина Карпош

Реконструкција на градинки во Општина Капрош

Реконструкција и естески изглед на фасадите во Општина Карпош

Дизајнер е на новата урбана опрема во Општина Карпош

Ф.К

Автор на статија:

| / / / / |