Станбена единица Визбегово / Ингилизовски, Маџаровска, Митровиќ

III награда на конкурс

Автори: Милорад Ингилизовски, Катарина Маџаровска, Лилјана Митровиќ

Соработник: Снежана Марковска

Година: 1982

Локација: Визбегово, Скопје

Извор: Бимас 1983

Проектот за станбена населба „Визбегово“ претставува обид за изнаоѓање на решение за еден поквалитетен вид на становање, поаѓајќи од тоа, дека индивидуалното становање, сепак е највреднуван тип во наши услови. Тенденцијата на авторите на овој проект беше колективното домување во што поголема мера да го приближат до индивидуалното преку еден преоден тип на домување – терасести станбени објекти кои ги отвораат становите, овозможувајќи јака регуларна врска со екстериерот.

Вакви преодни типови на становање во кој секако спаѓаат и двокуќите и низовите ги задржуваат некои од предностите на колективното домување- поголема густина која автоматски значи поголема рационалност во градбата, поголема меѓучовечка солидарнсот и помош, а се здобиваат со некои нови квалитетни карактеристики за индивидуалното становање ( контакт со природата, поголема изолираност на корисниците итн.)

Бидејќи секое семејство претставува посебен микро-космос со свои специфични потреби, навики, желби, интерни и екстерни односи, со посебен начин на живот и посебни патишта на развој се обидуваме на идниот корисник на станот да му дадеме можнсот станот да го моделира преку своите потреби, желби, замисли.

Проектираните станови се флексибилни, променливи по големина, форма и содржина со цел да успешно ги следат перманентните промени на потребите на семејството.