Станбена зграда на бул. „Св. Климент Охридски“/ Ночев

Автор: Божидар Ночев

Година на проектирање: 1981

Година на изведба: 1982/3

Извор: Бимас ’83

Фотографии: Google maps / street view

Архитектурата на станбената зграда ја изразува желбата за креирање на просторите прилагодени на функцијата и конструкцијата на објектот, а токму од нив и произлегува неговата надворешна обликовна форма.

Во ентериерот објектот делува едноставно, со степенасто паѓање кон аголот на раскрсницата, што диктирано од изложеноста на самиот објект на бука, имено степенастата дисперзија на звукот.

Истовремено, вака обликован, тој убаво се вклопува во силуетата на нагласената каскадна вертикала на Домот на печатот.

Станбената зграда е проектирана така што 90% отпаѓаат на големите станови, трособни, четирисобни и петтособни. Остнаатите гарсониери  и еден еднособен стан.

Во функционална смисла просториите одговараат на намената и потребите на човекот, како по својата положба, уредување и опрема.

Конструкцијата е армирано бетонска скелетна со распони од 3 м и 3.6 м во продолжен смер, а во попречен смер 3.6 м. Основниот модул е м = 60 см. Во ентериерот на објектот е присутна флексибилноста и топлотната флуидност на просториите со добри визуелни коснтакти на станарите и посетителите на локалите.