Старата скопска чаршија во минатото – изложба во SkULL

Ве покануваме да ја посетите изложбата на стари фотографии „Старата скопска чаршија во минатото“. Изложбата е реализирана во соработка со Музејот на Град Скопје, а е во непосредна организација на Скопската жива градска лабораторија (SkULL), Градот Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ, и е дел од ROCK проектот кој е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020. Изложениoт фотоматеријал за овој исклучителен просторен, социјален и мемориски дел од градот е дел од архивата на Музејот на Град Скопје.

Изложбата ќе биде поставена во просториите на Скопската жива градска лабораторија- која се наоѓа на Европска улица бр.11 во Старата скопска чаршија, од 4.07-4.09.2019.


Ве очекуваме!

Срдечно,

SkULL – Скопска жива градска лабораторија

Извор: Skopje Urban Living Lab