Студентски Конкурс – идејно решение за киното во Железничка зграда

Извор: www.lokomotiva.org.mk

Идејното решение треба да содржи предлог за просторно уредување на постоечкото кино за негово можно функционирање како простор за заедницата (станарите на Железничка зграда) и простор за креирање и реализација на културна и уметничка содржина.
Функционирањето како простор за заедницата подразбира можност за негово користење од жителите, од различна возраст (како на пример, простор за играње на шах на пензионерите од Железничка зграда, креативни работилници за децата кои живеат во зградата, заедничка библиотека итн.)
Функционирањето како простор а креирање и реализација на културна и уметничка содржина подразбира идејното решение да содржи предлози за функционално адаптирање на просторот за реализација на филмски проекции, изложби, перформанси и камерни претстави, музички концерти и слично.
Предложеното идејно решение треба да биде во релација со контекстот во кој се наоѓа овој простор и функционалноста на зградата и станарите кои живеат во неа.

Конкурсот се организира од страна на здруженијата на граѓани Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје и Факултет за работи што не се учат од Битола, во рамки на проектот Културни Простори за Активни Граѓани реализиран со поддршка на Програмата Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.

Конкурсот трае од 17 мај до 11 јуни 2018 година.

Право на учество имаат студенти на Архитектонски факултет Скопје, студенти на Факултетот за арт и дизајн (ЕУРМ) Скопје и студенти на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) Скопје, како и сите други студенти кои ќе ги задоволат барањата на конкурсот како и млади професионалци од што завршиле архитектонско или ликовно образование во последниве три години.

Најдобрите три решенија ќе бидат наградени а сите учесници ќе добијат сертификат за учество.

Предлог решенијата ќе бидат оценувани од жири комисија во состав:
Дејан Ивановски – архитект
Слободанка Стевчевска – ликовна уметница
Максим Наумовски – архитект

Повеќе информации околу ПРОГРАМА и КРИТЕРИУМИ НА КОНКУРСОТ на следниов линк:
http://lokomotiva.org.mk/студентски-конкурс-за-изработка-на-ид/