“SWARM ILLUMINANCE” – Цоневски, Калапути

Година: 2014

КОНКУРСЕН ПРЕДЛОГ ЗА ФИРМАТА “VELUX”

АВТОРИ: МАРКО ЦОНЕВСКИ / ДОРОТЕА КАЛАПУТИ

МЕНТОР: ЈОВАН ИВАНОВСКИ

 

Сместено во срцето на Скопје, Старата чаршија има свои карактеристики и своја динамика. Со преживеани многу војни и окупации, чаршијата останува најстариот сведок во историјата на регионот на Македонија. Секој агол раскажува сопствена приказна. Во периодот помеѓу XVI и XVII век, Старата чаршија го достигнала својот урбан и економски зенит, развивајќи се во една од најголемите и значајните ориентални стари чаршии на Балканот.

Долж улиците од калдрма кои вријат од продавници, тесните сокачиња, во овој вибрантен дел се наоѓа значајниот објект Чифте Амам кој порано бил дом на традицијата на спиритуалното и физичкото прочистување. Овој објект, истовремено и импресивен и сензуален објект, продолжува да постои како една од најголемите компоненти на Османлиската и Турската култура со својата голема и специфично осветлена купола и со својата уникатна архитектонска убавина. Се верува дека архитектонското решение било приспособено на околината и настаните околу него. Денес, Чифте Амам е современа уметничка галерија каде проминентни локални и странски артисти ја изложуваат својата работа. Всушност, Чифте Амам претставува културен центар кој активно учествува во вдахнувањето живот на чаршијата од утринските до вечерните часови. Повеќето објекти кои во минатото биле употребувани да ги вдомат патувачите или како турски бањи, биле трансформирани во музеи и уметнички галерии, кои денес најчесто се домаќини на уметнички изложби, концерти и други културни настани.

Достапна дневна светлина е еден од најважните параметри за планирање на просторот од која зависи дизајнот и конфигурацијата на изложбените салони. Начинот на кој е обликуван амбиентот со светлината е предмет на фундаментално значење.

Првиот чекор е препознавање на проблемот. Кружните стаклени отвори во куполата, не одговараат на потребите на изложбите кога се работи за светлината. Дневната и вештачката светлина содржи зраци кои можат да го избледат, деформираат или променат бојата на изложбеното дело. Мерки на претпазливост можат да ги заштитат но само доколку се претпазливо и точно превземени и ако се константно обзервирани. Инспирирани од природен феномен, ние креираме решение кое одговара на секоја изложба различно користејќи еден елемент инспириран од самата купола. Користиме преку 1000 од овие елементи за правилно да тече процесот. Овие елементи одговараат брзо и ефективно на нивната околина. Тоа го прават со нешто што се нарекува интелигенција од јато.

Концептот е: секој елемент има своја повратна, ориентациона и атрактивна површина. Елементот пробува да задржи сферна површина на сопствен простор со избегнување судир со други елементи кои влегуваат во површината. Ќе проба да се ориентира себеси и да се движи во истата насока како другите и ќе проба да се приближува кон други елементи , охрабрувајќи формирање на групи и кохезија. Јато може да се формира доколку индивидуални објекти меѓусебно се привлекуваат и се одбиваат. Го објаснуваме тој систем како себе-организирачки. Едноставните потези на индивидуалните елементи додаваат на комплексното однесување на целата група.

Во текот на денот, тие се компресираат каде светлина не е потребна и се изретчуваат онаму каде што е за сончевите зраци лесно да можат да пенетрираат во просторот и да ја дифузираат светлината подеднакво. Во текот на ноќта процесот е обратен. Онаму каде што е потребна светлина тие се компресираат и ја испуштаат светлината што ја апсорбирале во текот на денот.

Принципот на апсорбирање и распределување на светлината е метафорично идентификувана со вена која носи крв до срцето. Малечки механизми ги следат сончевите зраци и ги канализираат до главниот елемент преку скоро невидлив оптички кабел и ги зачувуваат во „срцето“ на елементот каде во внатрешната сфера се чека да се даде команда да ја испушти апсорбираната светлина. Надворешната сфера е составена од два дела. Горниот дел чија улога е апсорпција е цврст, а долниот дел чија улога е проѕирноста е порозна за светлината да може да се насочи кон различни делови. Формата на процепите доаѓа директно од формата на самата купола.

Ф.К