• February 7, 2018
  • filip

Тимот на Сара Симоска меѓу 20те финалисти на конкурсот „ДОМ Русија“

Во заедничка организација на Стрелка КБ и Владата на Русија беше организиран меѓународен конкурс, на коj се бараа развојни концепти за домување. Крајната цел на истиот е да се добијат најквалитетните проекти, кои ќе овозможат до 2025 година, да биде решен проблемот за домување  на 30 000 000 Руси. На конкурсот пристигнале повеќе од 400 проекти, во трите категории:

Категории

Она што е занимливо за македонската архитектонска сцена е тоа што меѓу наградените се најде и македонска „екипа“ 🙂

Архитект Сара Симоска, заедно со својот тим: Александар Алексоски – асистент архитект, Мохамед Ибрахим – 3D визуелизација, Димитар Петровски  и Илина Цветкова – технички цртежи, Ивона Шукуроска- предмер и Саво Симоски- консултант, учествуваа во категоријата за Централен модел на домување и успеаа да влезат во 20те финалисти.

3D визуелизација

Во втората фаза од конкурсот, ќе се развиваат основните проекти на сите 20 тимови, од кои потоа ќе се одделат првонаградени, второнаградени и третонаградени.  МАРХ им го честита успехот на македонскиот тим и им посакува среќа во втората фаза од конкурсот.

Ф.К