Покана за учество на тркалезна маса

January 18, 2018

Почитувани,

Ве известуваме дека во понеделник, 22.01.2018 год., со почеток во 12 часот
во просториите на ГЕМ клубот (Менада) ќе биде одржана Тркалезна маса на
која ќе се презентира публикацијата,

*Партиципативен и транспарентен развој на одржлива политика за градење –
Анализа на изработка и донесување Закон за градење*

Во рамки на тркалезната маса ќе бидат изнесени сознанијата од спроведената
студија, а се однесуваат на:

·         25 измени и дополни на Законот за градење,нивниот квалитет како и
последиците од честите законски измени,

·         истакнување на недостатоци во процесот на изработка и донесување
Закон за градење,

·         квалитет на извештајот за процена на влијание на регулативата,

·         потреба од вклучување на сите засегнати страни во процесот на
изработка на Закон за градење,

·         задавање препораки за унапредување на процесот на изработка и
донесување Закон за градење.

Сметаме дека Законот за градење како најзначаен од областа на
градежништвото е од особена важност за сите засегнати страни,вклучително  и
пошироката јавност, поради што е потребно нејзино информирање со важните
сознанија и препораки кои се дефинирани со овој проект и кои се
презентирани во печатена Публикација.

Проектот се реализира во рамки на „Граѓанска алијанса за транспарентност“,
поддржан од ФООМ и Еуротинк.

Aleksandar Petrovski
Executive Director of Genera Skopje
Автор на статија:

| / / |