ВИЛА 3П / Т2 ДИЗАЈН

February 21, 2018

Проект: ВИЛА 3П

Проектантско биро: Т2 дизајн

Статика: Петровски инженеринг

Локација: с. Ниже Поле, Битола

Вилата е лоцирана во близина на селото Ниже Поле во подножјето на Баба планина. Обликовниот концепт на објектот опфаќа три пирамиди со различна големина,  денивелирани една во однос на друга, согласно функцијата на секој од просторите внатре, како и природната конфигурација на теренот.

©T2 Design / T2 Дизајн

Пирамидите овозможуваат ефикасно искористување на топлинската енергијата и соодвествуваат на планинските климатки услови, а од обликовен аспект целосно се вклопуваат во амбиентот на самата локација.

Секоја пирамида има ориентација и визури кои соодветствуваат на нејзините содржини.


Основа на приземје ©T2 Design / T2 Дизајн

Вилата се состои од четири спални соби,  двовисински дневен простор со  галерија, бањи и подрумски сервисни простории, сместени на две нивоа во вкупно 170м². Програмското расчленување на содржините во ентериерот е остварено преку висинска разлика во просториите кое е и последица на целосното интегрирање на објектот во теренот.


Пресек ©T2 Design / T2 Дизајн

Т2 Дизајн е архитектонско студио формирано во 2015година од тим на архитекти кои заедно со своите соработници ги соединуваат проектните барања во единствена, естетска и функционална целина.

T2 Design / T2 Дизајн
https://www.facebook.com/t2dizajn/


Материјалот го приложи: 
  Т2 Дизајн,

М.Е.

Автор на статија:

| / |