Економски факултет / Вренцоски

Автор: Славе Вренцовски

Година: 1974-1979

Локација: Прилеп

Насловно фото: Google maps

Извор: „ 55 istaknutih arhitekata Jugoslavije“

Пошироко опкружување – Прилеп

 

Славко Вренцоски припаѓа на генерацијата македонски архитекти кои творат во „златната доба“ за домашната сцена (60-80ти години на минатиот век).

Во неговата работа, доминира инспирацијата од домашната традиционална архитектура – македонската куќа.

 

Локација

 

Економскиот факултет во Прилеп е позициониран меѓу населбата Точила на југ и Варош на запад , на регионалниот пат кон Македонски Брод.

 

 

Композицијата на објектот обединува 5 кубусни структури -скулпторално втопени во телото и 2 слободностоечки, поврзани преку висечки мостови со „утробата“, од кои едната е видно доминантна.

Ваквото расчленување и тип на композиција во една понапредна форма ќе го видиме и во остварувањето на „Македонија Табак“.

 

 

Естетиката на објектот е карактеристична за времето, каде бетонските платна, конструкцијата учествува во идентитетот и обликувањето, во комбинација со стакло и алуминиум.

 

 

Факултетот во своето двориште е партерно организиран, со обезбедено паркинг простор, пристапен сквер, зеленило.

За објектот, авторот се стекнува со наградата „9ти септември“ што ја доделува општина Прилеп.

 

 

Објектот ја задржува функцијата до денес во својата генерално оригинална форма , но недоволното оддржување и константна грижа го чини своето.