Woodstock Craft Beer & Rock Bar

Година: 2018

Фотографии: Марко Марјанович

Локација: ул. Рузвелтова бр. 5a

Woodstock Craft Beer & Rock Bar е посветен на развивање на пивската и rock & roll културата во Македонија. Со својата тематика местото се труди да ги промовира мотивите од 60-те како движењето на љубовта, слободата, креативноста, меѓусебното почитување и толеранцијата.

Целиот локал е поделен на три нивоа со различни тематики.  На приземје се наоѓа барскиот простор посветен на ексклузивните пива од различни пивници низ Бохемија и Моравија. Галерискиот простор е инспириран од ретро дневната соба со нејзината карактеристична, слободна, домашна атмосфера.

Подрумот пак, е место за промоција на добра музика без никакви ограничувања, токму како во духот на Woodstock. Тој е специфичен по закривените линии на плафонот и барот, како и осветлувањето кое креира контраст помеѓу сините и жолтите тонови.

Локалот е исклучиво рачно изработен, без никакви ограничувања и правила на класично уредување. Целокупната реализација е продукт од идеите на сопствениците и персоналот на Woodstock Beer Bar, уметничкиот израз на Аница Буквиќ и архитектонското решение на Пенелопа Стаматовска.

Автор на статија:

/ /