Leave a comment...

XY КУЛА / Мирчевска, Младеновска, Грујоска, Макриевска

ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО

Обрасци на раст: Резидуална форма

Aвтори: Симона Мирчевска, Александра Младеновска, Олгица Грујоска, Бисера Макриевска

Проект: XY КУЛА

Педагошки тим: доц. д-р Слободан Велевски / доц. д-р Марија Мано Велевска / доц. д-р Огнен Марина

Локација: Скопје

Година: 2017

Градот е конгломерат на архитектури, кои се напластуваат една врз друга низ времето. Сите тие имаат свое значење и карактеристика по која се препознатливи. Нивната дистинктивност е тоа што го прави градското искуство побогато . Тие  се клучни во формирањето на меморијата на градот , која секој човек ја носи во себе. Просторите кои се дел од колективната меморија се наречени урбани артефакти. Тие се оние кои кохабитираат во морето од градби и имат прераснато во симбол или референтна точка.

Урбаните артефакти се јасни во нивната форма/композиција, а програмата има секундарна улога.Таа   се менува зависно од потребите на луѓето и промените во општеството.Меморијата на градот како основна карактеристика, претставува појдовна точка во формирањето на концептот. Идејата е да се формира дистинктивен просторен гест, кој е доволен и препознатлив сам по себе во околината. Новиот просторен гест треба да дава поинаква перцепција за градот како жив организам, односно структурата  да е препознатлива како целина, а програмата  флексибилна на промените .Како урбани артефакти во непосредна околина на новопланираниот просторен гест, ги препознаваме кулите во Капиштец, Универзалната сала, Католичката црква и Архитектонскиот факултет.

Просторниот гест се протега нормално  на оската на булеварот “Теодосиј Гологанов” –  и претставува  контраст на постоечкото . Опфатена е површината на поранешната фабрика Треска, на која е отстранета претходната ниска структура и се предвидени нови  капацитети.Гестот е поделен на три зони и тоа:  прва зона на вертикали – кули , втора зона на зеленило -меѓупростор и трета зона , зона  на  хоризонтали (проекции на вертикалите). Главна носечка програма е универзитетскиот  комплекс , т.н  фабрика на знаење,на во втор план се јавуваат  секундарни  програми што ја збогатуваат основната и ја додефинираат истата.

Зона на ветикали претставува порозна бариера – ред на кули што  ја дефинираат границата меѓу новосоздадената  архитектура и  постоечкото ткиво. Висината на кулите (80 м) е во релација со висината на кулите од Капиштец (40м) ,т.е. двојно е зголемена. Секоја кула содржи 25 ката  од кои приземјето вклучува деловни простори ,а останатиот дел е наменет за домување.

Зоната на парковско зеленило е преодна зона кон ниската структура. Овој простор е место за одмор и релаксација.

Зоната на ниската структура содржи пет сегменти што  се дефинирани преку редење на  хоризонтални објекти. Секој хоризонтален блок има пет ката и е во функција на сегментите што се добиваат. Секој сегмент има различна тема, и преставува композиција од ниски секундарни објекти кои ја дефинираат истата. Просторите што се формираат меѓу нив се добиваат преку обликување на празно – полно . Секој сегмент комуницира со наредниот преку пасажи кои минуваат низ блоковите, така што овозможена е постојана циркулација.

Основа на карактеристичен кат

Приземјето на хоризонталните блокови е од јавен карактер, согласно со функцијата што ја има блокот , пр. Кај интернатот за студенти, на приземје се наоѓаат мензата и библиотеката и сл.Првиот сегмент сочинува планетариум -концертна сала со пропратни содржини  како сала за танц, балет. Вториот сегмент  е спортски дел кој содржи атлетска патека, спортски терени за фудбал, ракомет.

Основа на карактеристичен кат

Во третиот  дефинирани се  простори за социјализација и  учење како плоштади ,библиотеки (храм на знаење) . Четвртиот сегмент содржи амфитеатри  за театарски  и друг вид изведби , презентации , предавања. Крајниот,  петтиот сегмент е замислен како музеј, дополнет со занаетчиски работилници.

Ф.К

 

 

Share This:

Коментарите се затворени.